конечно некој да ме подржи
Па пумава има многу интересен дизајн, лошо е само што ја направиле висока. Да ја направеле пониска многу поубаво би дошла.
Така да боди китов искомбиниран со убави бандажи и сојлер на гепек (малце поголем), и спуштање како што кажав погоре ќе дојде друга кола.
Сега се скептици сите дека нема добро да испадне и дека е скапо али ако можат како мене да го замислат финалниот производ, ќе видат дека се исплати.
А ти ако стварно се решиш да го направиш тоа ќе имаш една од најдобро стилизираните коли во Македонија, која ќе личи како да е таква излезена од фабрика.