После 6 месеци пратење огласи и стотици прочитани рецензии, конечно падна одлуката и денес после 600 изминати километри од Охрид до Виница и назад си ја донесов мојата пума во Охрид. Колата ја видов на оглас и за среќа имам колега од факултет во Виница кој е болен по коли исто колку мене, вози Citroen Saxo VTS, ја провери колата ми потврди дека колата е супер и денес по скоро 4 сати возење ја видов колата во живо и можам да кажам беше љубов на прв поглед

. Ја прегледав колата ја повозив се испазаривме ги избркав сите процедури за пробни таблици за 15 мин (благодарение на колегата од факултет што премногу ми се најде и никогаш не му ја заборавам услугата), се почастивме и назад Охрид. Е сега нешто и за колата
Ford Puma со мотор 1.7 Zetec-S 16v со 125 коњи, од опрема има ABS, две воздушни перничиња, клима, серво, фабричко радио со цд, електрика на стакла ретровизори. Колата е од 1999 година со 170 000 километри поминати, имаше и сервисна книшка ама и по состојбата во која е мислам дека е реална километражата. Просечна потрошувачка 6,2 литри на 100 километри на отворено, за низ град допрва ќе измерам, ќе ставам неколку слики од колата што беа на огласот после добро перење ќе ја сликам и ќе ставам мои слики



Сега нешто за трошоците
колата ме кошташе 2600 евра, патот до Виница за две коли околу 100 евра, пробни таблици технички и 5 дневно осигурување околу 2000 денари, значи ако ја рачунам и ракијата што ја купив од Росоман досега потрошив околу 2800 евра, допрва имам уште 100 евра за тиф и сигурно уште 200 евра за регистрација, значи се на се би требало да ме кошта околу 3100 евра. За понатака е планирано навлаки на седишта нови патосници корекција на неколку ситни гребнатини и полирање на колата и фаровите имам и многу други планови како нов издув промена на катализатор, k&n филтер ама прво да застанам малку на нозе.