Денес го искористив неработниов ден да ја прегледам добро колата и да составам список што треба да се сервисира, покрај очекуваното наидов и на едно непријатно изненадување, кога ја отстранив маската што стои над свеќиците за да ги проверам во каква состојба се, забележав течено масло околу свеќиците, прво помислив да не е истечено масло при дотурање, ама кога го проверив нивото на маслото во моторот забележав дека е опаднато, значи ќе треба да се промени и дихтунгот на капата на вентилите и дихтунзите на свеќиците. Значи списокот би требало отприлика да биде вака.
1. Промена на сите дихтунзи што протекуваат
2. Промена на масло и филтер за масло
3. Промена на масло во менувач
4. Промена на каишите
5. Промена на свеќиците
6. Комплетна дијагностика
7. Проверка на подвозјето
8. Проверка на клима уредот
понатака следуваат убавите работи
1. Корекција на сите гребаници
2. Полирање
3. Заштита на подвозје со битумен
4. Монтирање на алармен уред (excalibur од dog security)
5. Местење на навлаки и нови патосници од Самад
6. Адитив за маслото и горивото
7. Дефлектори на прозори
Под знак прашалник останува промена на ауспух и филтерот за воздух, најверојатно ќе одам на варијанта k&n филтер печурка и некој поквалитетен ауспух.
Ако нешто заборавив или имате нешто да дополните добредојдени сте