Прво не верувајте во секој маркетинг на кој ќе налетате, а посебно не кога станува збор за автомобилите каде се рекламира ефтин производ кој дава драматични подобрувања во перформансите, економичноста, екологијата или издржливоста на автомобилите.
Второ, додека теоријата околу функционалноста на добиениот гас е точна и се докажува, неговото имплементирање во еден современ мотор е речиси Мишн Импосибл. Кога зборувам теорија не мислам на маркетинг глупостите кои ќе ги сретнете на сајтовите од шиткачите на ваквите китови, туку мислам на научно докажаната теорија.
Според таа теорија, вметнување на проција од HHО во смесата на горивото и воздух може:
- да го помести палењето во точка каде ќе се постигне поголем притисок и експлозија без ризик за прерано палење на смесата;
- да ја зголеми брзината на ширење на пламенот, т.е. да ја појача експлозијата во клиповите и да се добие поголема моќност
- да овозможи безбедно и правилно работење на моторот со посиромашни смеси на гориво
- да ја намали температурата во цилиндрите
Со ова би се добиле големи бенефити, а според некои научни докажувања (неможам да ги најдам каде беа извадоците од истражувањата направени во незнам кој институт) кај дизелите теоретски би можело да се постигне ефикасност при согорување на горивото до 60%, а кај бензинците до 30%. Додека таа теорија е во нај-идеални услови, праксата е многу далеку од идеална, па така во реалност може да се постгине многу помалку.
Но, најбитниот дел од целата приказна е:
НИЕДНО МОДЕРНО ВОЗИЛО ЧИЈА РАБОТА НА МОТОРОТ Е УПРАВУВАНА ОД КОМПЈУТЕР (ECU) НЕ Е ДИЗАЈНИРАНО ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА СО ОВОЈ СИСТЕМ!!!
Компјутерот во модерните возила служи за да ги постави идеалните параметри за ефикасно, сигурно и еколошко работење на моторот во секакви услови. Направени се компромиси меѓутоа е премногу добро оптимизиран за да може со едноставни зафати да се постигнат драстични промени во погорните параметри.
Со додавање на систем како овој можете само да ја нарушите калибрираната работата на системот и да не добиете никаков резултат, да добиете занемарливи резулатати или пак да добиете контраефективни резултати. Тоа е затоа што компјутерот не ги зема во предвид ефектите од додатокот во смесата, па така од добиените вредности на ламбда сондите на издувот ќе почне да прави глупи смеси на гориво. Бидејќи во процсот на согорување ќе има повеќе O2 од она кое нормално го произведува моторот, компјутерот ќе мисли дека смесата на гориво е сиромашна па ќе почне да уфрла повеќе гориво, а тоа значи зголемена потрошувачка и намалена снага на моторот.
Значи потребно е прецизно штелување на компјутерот за различните режими на работа, како и нови алгоритми според кој истиот ќе се учи на ново-настанати ситуации.
На крај, за да се добие потребното количество на смесата ви треба многу поголем уред од оние играчките од ибеј излистани погоре. А тој уред ќе бара поголемо количество на електрична енергија која ќе треба да ја произведе алтернаторот. А кога работи алтернаторот, му се одзема и снага на моторот. Значи веќе имаме и друг проблем кој не овозможува техничка функционалност на овој изум. А тој проблем е дали ќе можеме да го произведеме бараното количество енергија без да ни се испразни акомулаторот?
Па да речеме и дека ќе можеме, прашање е дали ќе има придобивка на крајот кога ќе додадеме и одземеме се. Ако се работи за модерен автомобил илзезен во последниве 10 до 15 години, тешко дека ќе успееме. Ако се работи за стар мотор кој има мала ефикасност и не е воден од компјутер има шанси да се добие нешто.
Значи, тие приказните со 20%, 30%, 50%, 80%, катаљарда% се приказни за мали деца исто како што оние "чиповите"(обичен отпорник спакуван во пластично кутфиче) од 10 долари даваат +60KS +80NM +30% fuel efficiency и тн....исто како и електричниот суперчарџер кој дава +50KS и намалена потрошувачка за 10-30%...и т.н. да не набројувам колку лажно ѓубре се продава на интермец.
На крај, по многу гуглање јас не успеав да најдам еден единствен доказ дека овој систем функционира бар на еден автомобил. Под доказ подразбирам авотмобил поставен на динамометар со полн резервоар да работи на обрт каде има најголема ефикасност, да се види колку фиктивни километри поминал и после на истиот тој автомобил да се монтира системот без помошни додатоци од надвор (боци, напојување и други дрангулии) и на истиот тој обрт да изврти еден резервоар со гориво. Ќе уважам доказ ако во вториот случај има извртено повеќе километри.
Понатаму, исто за мене е доказ ако едно исто возило (како што реков претходно, без помош од гаражата) може да извади подобри криви на вртежен момент и моќност на еден ист динамометар благодарение на тој систем.
Бујрум, ако некој успее да најде нека сподели и јас ќе бидам првиот кај мене во маало кој ќе вгради ваков систем во својот автомобил и мотор.