Како што реков, неможам да најдам валиден доказ: тест на динамометар.
Инаку, јас не реков дека нема шанса да работи. Реков дека е многу неизводливо да го прилагодиш да работи ефикасно на соврмено возило. Треба екипа од профи тјунери, хемичари и механичари, да се вложат многу пари во скапи(или екстремно скапи) модификации и премногу време за да се укомпонира во системот и од тоа да има полза. Од она кое прво ми паѓа на памет:
1) Ќе требаат специјални сензори кои ќе го квантифицираат и квалифицираат новиот гас
2) Ќе треба нов, многу посложен ECU и многу посложен софтвер кој ќе ги пресметува идеалните односи на смесата и кој ќе може да се прилагодува на различните надворешни фактори (температура, надмосрска височина, влажност, нечистотии и друго). Притоа за секој различен мотор пресметките ќе бидат индивидуални.
3) Ќе треба да се прават детални хемиски анализи за да се одредат идеалните соодноси во граница на можностите за добивање на гасот од расположливата електрична моќност и притоа акомулаторот да може ефективно да се полни. (Овде неминовен услов е огромен алтернатор и акомулатор)
4) Ќе треба да се поминат многу часови во тјунирање на секој мотор посебно за да може да се утврдат количествата на смеса за различни параметри на работа (отпор, број на вртежи, пртискање на гаста и тн.)
Значи ова не е плукни-залепи систем. Патем, кај стари и неефикасни мотори (со карбуратор и без компјутер) може да има некаков ефект без подесувања, но тие возила се минато.
Уште еднаш, нема валиден доказ.