Автор Тема: HHO генератор - намалена потрошувачка  (Прочитано 9180 пати)

Присутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
HHO генератор - намалена потрошувачка
« на: 16 Март 2011, 20:12:45 pm »
значи сега гледав HHO генератори кој од водата го создаваат овој гас ( HHO ) и подоцна заедно со бензинот тој согорува ( се поврзува да оди преку филтерот за воздух ) и потрошњата е намалена за околу 30-40% ( ова колку што гледав е вистина , имаше неколку хрватски видеа , исто така некаде прочитав дека некој стружанец има вградено вакво нешто )  гледав исто така и на ebay цените се движат околу 400$ , па дали некој знае нешто повеќе дали навистина функционира и сл. иста така велат дека работи на секаква кола не е битно дали е бензин дизел или плин


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #2 на: 16 Март 2011, 20:52:54 pm »
Ај да почекаме малце да се рашири работаав, па да нарачаме групно, поевтино ќе не фати.

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #3 на: 16 Март 2011, 21:54:24 pm »
Јас имам слушнато за некој у Ск што вградува вакво,еден колега се напали да става,па после нешто го предомисли.

Ај прво ќе го прашам па ќе допишам што сум дознал.
Не возам брзо, ниско летам.

Присутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #4 на: 16 Март 2011, 22:06:28 pm »
ова е ептен проста работа , е сега само прашање е од кој материјал да се направат електродите ( металот да биде ефтин и ефикасен , па затоа ако има некој хемичар нека каже ) ( најдобра  е платината ( бело злато ) но е прескапо ) доколку има некој хемичар може да препорача некој друг метал кој е по ефтин , инаку оваа направа е проста и може да се направи и дома ( заинтересиран сум за домашна изработка на истово , но би го поврзал на скутер )

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #5 на: 16 Март 2011, 22:12:31 pm »
Тие што местат нека се зачленат на форумов, може ке дадат попуст  :D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #6 на: 16 Март 2011, 23:25:21 pm »
ова е ептен проста работа , е сега само прашање е од кој материјал да се направат електродите ( металот да биде ефтин и ефикасен , па затоа ако има некој хемичар нека каже ) ( најдобра  е платината ( бело злато ) но е прескапо ) доколку има некој хемичар може да препорача некој друг метал кој е по ефтин , инаку оваа направа е проста и може да се направи и дома ( заинтересиран сум за домашна изработка на истово , но би го поврзал на скутер )
Од нерѓосувачки челик можат да се направат или никелЖ( исто е)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #7 на: 16 Март 2011, 23:33:25 pm »
сигурно има негативни страни ННО ..

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #8 на: 16 Март 2011, 23:59:15 pm »
Нема негативни работи, само позитивни. Многу е мало го бери во секоја кола. Не треба некој си чуда од делови, се има кај нас и достапно е бааѓи. А иначе во најлош случај, конзервата што прави гас е еден вид на бомба, ама многу тешко да дојди до експлозија (посигурно е дури и од актуелните плин уреди).
Мој многу добар пријател почна да го прави ова, ама прекина (имаше друго работа). Така да ако има некој заинтересиран можи слободно да ме контактира па да вложи да речам, да се напрај бизнис или пак да се тестира подобро, оти ова не е баш тестирано добро.
И по некој пресметки што ги правевме испаѓа околу 1000€ се, монтажа и А-тест.

Отсутен neno[]

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #9 на: 17 Март 2011, 15:47:40 pm »
интересно , а може ова и во комбинација со плин или нафта ? :)

Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #10 на: 17 Март 2011, 15:50:08 pm »
Со нафта може за плин незнам,али вероватно може и плин.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #11 на: 17 Март 2011, 17:59:07 pm »
Можи бе, зашто да не можи со плин? Ова се додава во цревото за воздух, така ќе има комбинација на плин и водорот и исто ќе биди.

Присутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #12 на: 17 Март 2011, 18:50:08 pm »
ваква нешто ми е идејата ( ова зеленото е црево кое ќе го спроведува гасот ) електродите би биле од inox и големината би им била некаде 15cm X 15cm и би биле 10 ( мислам дека би било доволно за проба на 50сс скутер ) е сега само немам идеја од што би можел да искористам оваа пластиката во која би стоеле електродите и водата таа би требала да е најмалсе 30cm долга 20 широка и најмалце 30 см висока , исто така би требало да е од подебела пластика ( нешто како што се садовите за антифриз во колите и сл. )


Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #13 на: 17 Март 2011, 19:58:08 pm »
Прво не верувајте во секој маркетинг на кој ќе налетате, а посебно не кога станува збор за автомобилите каде се рекламира ефтин производ кој дава драматични подобрувања во перформансите, економичноста, екологијата или издржливоста на автомобилите.

Второ, додека теоријата околу функционалноста на добиениот гас е точна и се докажува, неговото имплементирање во еден современ мотор е речиси Мишн Импосибл. Кога зборувам теорија не мислам на маркетинг глупостите кои ќе ги сретнете на сајтовите од шиткачите на ваквите китови, туку мислам на научно докажаната теорија.

Според таа теорија, вметнување на проција од HHО во смесата на горивото и воздух може:
- да го помести палењето во точка каде ќе се постигне поголем притисок и експлозија без ризик за прерано палење на смесата;
- да ја зголеми брзината на ширење на пламенот, т.е. да ја појача експлозијата во клиповите и да се добие поголема моќност
- да овозможи безбедно и правилно работење на моторот со посиромашни смеси на гориво
- да ја намали температурата во цилиндрите

Со ова би се добиле големи бенефити, а според некои научни докажувања (неможам да ги најдам каде беа извадоците од истражувањата направени во незнам кој институт) кај дизелите теоретски би можело да се постигне ефикасност при согорување на горивото до 60%, а кај бензинците до 30%. Додека таа теорија е во нај-идеални услови, праксата е многу далеку од идеална, па така во реалност може да се постгине многу помалку.

Но, најбитниот дел од целата приказна е:
НИЕДНО МОДЕРНО ВОЗИЛО ЧИЈА РАБОТА НА МОТОРОТ Е УПРАВУВАНА ОД КОМПЈУТЕР (ECU) НЕ Е ДИЗАЈНИРАНО ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА СО ОВОЈ СИСТЕМ!!!

Компјутерот во модерните возила служи за да ги постави идеалните параметри за ефикасно, сигурно и еколошко работење на моторот во секакви услови. Направени се компромиси меѓутоа е премногу добро оптимизиран за да може со едноставни зафати да се постигнат драстични промени во погорните параметри.

Со додавање на систем како овој можете само да ја нарушите калибрираната работата на системот и да не добиете никаков резултат, да добиете занемарливи резулатати или пак да добиете контраефективни резултати. Тоа е затоа што компјутерот не ги зема во предвид ефектите од додатокот во смесата, па така од добиените вредности на ламбда сондите на издувот ќе почне да прави глупи смеси на гориво. Бидејќи во процсот на согорување ќе има повеќе O2 од она кое нормално го произведува моторот, компјутерот ќе мисли дека смесата на гориво е сиромашна па ќе почне да уфрла повеќе гориво, а тоа значи зголемена потрошувачка и намалена снага на моторот.

Значи потребно е прецизно штелување на компјутерот за различните режими на работа, како и нови алгоритми според кој истиот ќе се учи на ново-настанати ситуации.

На крај, за да се добие потребното количество на смесата ви треба многу поголем уред од оние играчките од ибеј излистани погоре. А тој уред ќе бара поголемо количество на електрична енергија која ќе треба да ја произведе алтернаторот. А кога работи алтернаторот, му се одзема и снага на моторот. Значи веќе имаме и друг проблем кој не овозможува техничка функционалност на овој изум. А тој проблем е дали ќе можеме да го произведеме бараното количество енергија без да ни се испразни акомулаторот?

Па да речеме и дека ќе можеме, прашање е дали ќе има придобивка на крајот кога ќе додадеме и одземеме се. Ако се работи за модерен автомобил илзезен во последниве 10 до 15 години, тешко дека ќе успееме. Ако се работи за стар мотор кој има мала ефикасност и не е воден од компјутер има шанси да се добие нешто.

Значи, тие приказните со 20%, 30%, 50%, 80%, катаљарда% се приказни за мали деца исто како што оние "чиповите"(обичен отпорник спакуван во пластично кутфиче) од 10 долари даваат +60KS +80NM +30% fuel efficiency и тн....исто како и електричниот суперчарџер кој дава +50KS и намалена потрошувачка за 10-30%...и т.н. да не набројувам колку лажно ѓубре се продава на интермец.

На крај, по многу гуглање јас не успеав да најдам еден единствен доказ дека овој систем функционира бар на еден автомобил. Под доказ подразбирам авотмобил поставен на динамометар со полн резервоар да работи на обрт каде има најголема ефикасност, да се види колку фиктивни километри поминал и после на истиот тој автомобил да се монтира системот без помошни додатоци од надвор (боци, напојување и други дрангулии) и на истиот тој обрт да изврти еден резервоар со гориво. Ќе уважам доказ ако во вториот случај има извртено повеќе километри.

Понатаму, исто за мене е доказ ако едно исто возило (како што реков претходно, без помош од гаражата) може да извади подобри криви на вртежен момент и моќност на еден ист динамометар благодарение на тој систем.

Бујрум, ако некој успее да најде нека сподели и јас ќе бидам првиот кај мене во маало кој ќе вгради ваков систем во својот автомобил и мотор.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: HHO генератор - намалена потрошувачка
« Одговори #14 на: 17 Март 2011, 23:09:49 pm »
@Jordan: best. sketch. EVER!!! :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.