BBC е национална куќа, и првенствената улога е да биде сервис кој ќе обезбедува клучна улога во информирање, едукација а богами и забава. Во тој контекст заработката од нивните програми е битно, но не и најбитно начело за работа на телевизијата. Затоа и мислам, иако не ми се допаѓа тоа што станува со емисијата, дека менаџментот на BBC мора да биде внимателен за да го задржи нивото на државен национален сервис кој ќе промовира вредности спротивни на меѓусебните препукувања интерно во организацијата и соодветно други закачки на национална, религиозна, културна и останата нетолеранцијан а различност во други цивилизациски сегменти.
А баш поради слични испади емисијата е постојано на работ на тоа дали ќе ја биде или нема да ја биде на овој сервис. Да е некој друг приватен медиум нема што многу да се секираш. Ако не ти чини плукни и не го гледај (ко јас што сум исклучил 70% од македонските ис балканските канали на домашниот приемник). Но овој сервис го плаќаат сите граѓани и тук не е коректно да има содржини, или промотери со лични вредности, кои во некој сегмент ги кршат овие генерални начела.
Сепак за BBC и било кој државен сервис основните вредности се далеку побитни. И тие медиуми се единствени поткрепени со буџет кој го обезбедува државата.
Кларксон мене ми е одличен шоумен и баш би сакал да видам што има следно на агенда. Инаку човекот има и одлични и забавни книги кои се доста продавани.