Многу битен момент е тоа што на Кларксон, Хамонд и Меј не им треба ББС за да направат гледано шоу. Туку обратното. ББС има потреба од нив. Поентата е што шоуто носи пари затоа што тројцата се во него, а не затоа што ББС го емитувал на нивна фреквенција. Што значи дека ако тројцава почнат своја емисија на друг медиум и под друго име, ББС може да се слика со нивниот Топ Геар затоа што гледаноста НИКОГАШ нема да биде толку висока кога Кларксон, Хамонд и Меј го правеа Топ Геар. Односно тој Топ Геар ќе биде просечна емисија за автомобилизам, без лојална база на фанови.
Повеќето од фановите вклучувајќи ме и мене ја поистоветуваат емисијата за автомобилизам со Кларксон, Хамонд и Меј. Намерно кажав ЕМИСИЈАТА затоа што без разлика како и да се вика проектот што овие тројца би го направиле сите ќе го идентификуваат како шоуто на Кларксон и другарите Хамонд и Меј. Значи името е небитно. Концепт, шоу, приказна. Тоа продава. Не "Топ Геар".
Како што кажаа неколку форумџии претходно, во било кој формат и под било кое име да започнат свое шоу горниве тројца ќе биде гледано, НО доколку ги задржат реалните критериуми при критиките и пофалбите на возилата што ги малтретираат, затоа што сепак содржината на емисијата е тоа што е интересно, а не фаците и ликовите на Кларксон, Хамонд и Меј.
Значи проблемот не е финансиската рентабилност или исплатливост на проектот, зашто истиот ќе биде гледан, само по себе ќе носи пари (дали од реклами, претплата или што и да е) туку проблем би можело да биде секое одбегнување од духот и концептот на кој што сме сите научени да го конзумираме Топ Геар во последните неколку години (децении). Во ваква ситуација сите ќе бидат осетливи и наклонети кон критика затоа што при најмал пропуст, грешка, драстична промена на концепт или нешто слично ќе почнат лавината критики од типот "Ете го заебаа Топ Геар не е тоа што беше".
Јас сум повеќе за задржување на концептот и духот на шоуто што го имаше Топ Геар каков што го знам, нормално заедно со Кларксон, Хамонд и Меј, макар тоа било и под друго име и на друг медиум. Искрено не ми менува дали ББС, Нетфликс, Скај или некој друг стои зад нив. Ако отворат интернет портал каде што ќе наплаќаат претплата за да можеш да го гледаш шоуто, би платил и би го гледал.