Тактиката за напаѓање на друг бренд наместо „бранење“ на својот ти е погрешна.
Значи, поентата е следна - не е дека 308-цата е лоша кола. Поентата е дека не е одлична кола, од производител кој знаел да прави одлични коли.
Ти си малку пристрасен пошто (како што самиот кажа) имаш 308-ца. Тука има повеќе проблеми - првиот е дека не сакаш себеси да си признаеш дека (можеби) си купил кола која што не е добра. Второ, пробуваш другите да ги убедиш дека мислењето на ТГ не е правилно. Во ред. Трето, лично те гаѓа моментот дека они сметаат дека 308 е втора најлоша кола во свет. Тука е примарниот проблем.
Е сега, тоа што ТГ го мислат (а воедно и јас го делам) е дека 308 едноставно не се издвојува по ништо од конкуренцијата. Како што рече Банзаи, да купувам кола воопшто не би помислил на 308.