Ја изгледав 29-тата сезона. Прва после 2015-та, иако од тогаш реков дека Топ Гир нема да гледам никогаш повеќе.
Сакам да направам мала споредба, а со тоа и ривју на комплетниот концепт и тоа во што "мутираше" најдоброто авто-мото шоу во историјата. Нема да ги коментирам првите "експерименти" со водителите, пошто е сувишно и бесмислено. Постојат само тројца, и тоа е тоа. Нема замена.
Само пет епизоди. Тоа ми кажува дека немаат доволно идеи, а не недостаток на материјал или финансии. Со ваква инфериорна и малку компетентна екипа на презентери, толку е изгледа капацитетот.
Почнуваат нова сезона со "чиип шот". Се "преселиле" на ББЦ1, од ББЦ2. Голем кур за просечен гледач. Ај сеа погледнете ги рејтинзите и гледаноста во првите 22 сезони, и во последните 7. Шат ап.
Прва епизода, ај ќе спиеме во компани карс. ОК, ај ќе спиеме. Забавна епизода, морам да признаам, но само ради харизмата на комедијант, бивш крикет играч и Крис Харис, од аспект на шоу. Ама само шоу, не кар шоу.
Втора епизода. Класични коли кои се презентирани, возени и видени по шит лоуд пати и се милион години стари. Сите знаеме дека Ф40 е врвот, и крај. ОК, можам да го проголтам тоа, ама кога ќе слупаш класично и речиси бесценето Диабло "на право", без разлика што врнеше и тие срања, е резил. Само покажува дека си комедијаш, а не аутомотив џурналист. "Ѕидот на смртта" делот беше добар. Експлоатираат што оваа екипа е помлада и спремна на поризични ствари, иако старците правеа работи, кои во тие години, се за секој респект.
Трета. Ај ќе одиме на Кипар, ќе се заебаваме со рент-а-кар. *yawn.
Четврта. Имаше перспектива. Стварно. Роуд трип со ГТ коли. Кога го видов Бентлито, стварно се израдував. Едвај чекав што ќе донесат останатите двајца. Ај Фреди со МекЛаренот. Ама овој дебилот со Астонот? Иде со СУВ на ГТ роудтрип. *facepalm.
Последната епизода. Ма неќу ни да причам, бре. Ајс крим ван, не ванс, за прописно да се заебаваат кој направил поглупа модификација. Али чему? Конечно нешто нормално, ривју на Хондата. Зошто е све тако оскудно со ваков материјал?
Продукцијата е врвна. Можам да кажам дека е бар едно ниво над Гранд тур. Ама, кој ќар од тоа кога немаш идеи и имаш просечни презентери?
Концептот. Пренавикнат бев на стариот концепт, кој остана неизменет (со огромен успех) толку многу сезони. Палеше секој пат. Имаше вистински ривјуа, повеќе на поскапи коли, ама и на коли кои ги возат "обични смртници". Успејаа цели 22 сезони при ривју на било која кола, да не повторат ниту еден збор од друго ривју. Го обожавав сегментот со новостите, сега го нема. Предизвиците им беа сите одлично смислени и со цел, за разлика од сега, каде премногу акцент се става на комедија и шоу, а многу малку на факти и нешто корисно (што е разбирливо, пошто од ова што го гледам, само Харис е про, овие двајцава не знаат многу за колите). Многу малку коли пуштија на "брз круг" по стазата. Гостите, мех, еве може и без нив, мада и од тие сегменти имаше многу, многу добри. Обожавав како се заебаваа со се - со британската влада, со владите на цела Европа, со зи Џрманс... Беа националисти, ама и за самите себе, и тоа беше симпатично. Ми беа интересни како се дупеа помеѓу себе, онака, балкански, сељачки. Хуморот беше природен и адекватен. Сега е во 80% од случаите исфорсиран.
Реков погоре "мутираше". Мутираше, ама на полошо. Уместо ситен "твик" тука и таму и да го задржат концептот што "пали" повеќе од 20 години, они комплетно сменија се, и се претворија во последната сезона на Гранд тур. Тројца собрани да се заебаваат и да трошат пари, и тука таму да се повозат со некоја кола. Па-те-ти-ка. Кој кого копира?
И, за крај, презентерите. Имаат хемија, ми се допаѓаат. Ама, не за кар шоу. Секоја чест за знаењето кое потенцијално го имаат, ама остава впечаток дека Пади и Фреди немаат поима од коли. Таму се само за забава, пеј чек и "дан да проѓе". Криво ми е за Крис Харис, кој очигледно сака коли, знае многу за коли, ама не може да дојде до израз ради поставеноста на работите. Акцентот на сите е бесценет. Го обожавам. Пади не е за таму, Фреди е "туј и тамо", а Крис е на место. Премногу се согласуваат меѓу себе кога се расправаат, за разлика од боговите кои тераа до крај инат, без разлика колку не беа во право.
Кога ќе седне Крис Харис во кола нормално? Зошто седи така? Како да е "напикан" таму.
Толку се разочарав од тоа во што се претворило шоуто, што почнав пак да ги гледам старите епизоди, да се повратам малце. Сакав да ми се допадне, стварно, ама...
Од тука, па натаму, ДЕФИНИТИВНО ставам точка и никогаш повеќе не гледам нова сезона на Топ Гир. Крај. That show is dead to me.