Прво.. Изглед е сосема субјективна работа. Тебе ти се свиѓа едно, мене друго. Корветата ми се свиѓа на изглед (освен у профил, многу ми е чудна) ама Кајманот ми се свиѓа повеќе. Личен избор, јебига. Покрај Кајманот (и мање-више било кој Европски спортски автомобил) Корветата изгледа незграпно. Не мора да се сложиме.
Се слагам дека кајманот нема зошто да се мери со Корвета. За времето на стазата можам да кажам само секоја чест. Не ги оспорувам перформансите.
Не разбирам, зошто да не споредувам Corvette со М4? И едното у другото се купеа, и едното е со мотор напред, погон позади, и другото. Имаат слични цени и слични перформанси. Фантастично блиска конкуренција се. Да кажеме дека финалниот избор се сведува на изглед, а мене на изглед M4-ката ми е светлосни години пред Trying-Too-Hard ™ Chevrolet Corvette.

Повторно, не ги оспорувам перформансите и талентот на Corvette. Секоја чест на инженерите на Chevrolet, ама значително повеќе ми се свиѓаше на изглед прошлата генерација. Новата ми се свиѓа повеќе од Viper (особено во Z06 трим), ама во однос на M3/M4 па и моделите на Porsche ми е.. Као кинеска верзија на трансформер.