....
Таа ситуација зависи од висината на самата рамка, должината на педалите и спретноста на дамата. Јас на мојата и зедов 28ца, и одвреме навреме на семафори има таква ситуација, ама се привикнува. Плус, споредено со претходниот (кој беше на 26ки) овој и се чини како авион (брзина и комоција). Добро, мојата е висока оклу 170цм, па не знам дали и тоа има врска.
Знаеш што, ако бендиса 26ка (форма, големина, удобност, практичност) не го отфрлај само затоа што е 26ка. Плус, 26ка е поевтин од 28ца. За иста цена со 28ца ќе земеш 26ка со подобра опрема.
Конкретно за семафори и застанување.
На мојот му го кренав седиштето толку високо што, ако седам на седиште нема шанси да ја допрам земјата (освен малку на прстите). Тоа ми е оптимална висина за педалање и возење (затоа што ако е пониско, многу притисок на колената ми ствара аголот на вртење). Кога мора да застанам (семафор/крстосница) или слегувам, или барам нешто да се потпрам.