Се работи за доста долга релација, околу 1000 километри. Планот ми беше да отидам на одмор во Хрватска, додека сум таму да скокнам до Загреб, да купам велосипед и да го донесам тука. Можда малку лудо звучи идејава, ама таков велосипед каков што барам нема кај нас. Планирав да го носам со држач за петта врата, ама се изначитав страшни искуства по интернет, како паѓале велосипеди по автопат, гребаници на автомобилот и слично. Стварно се разочарав, посебно поради тоа што пола година ја планирам оваа авантура.