Не, све што е испод 1.95 за мтб мислам дека е претерано.. Бандажот подебел од гумата..
MTB треба да има 1,95 пневматик ама со крампони, односно наменети за возење по не асфалтна површина. Штом смениш гума со крампони наменета за offroad со сликови или гума за асфалт, тогаш потенката гума е секогаш подобар избор. Нагазната површина на гума со крампон и гума за асфалт со дебелина 1.95 не е иста. Сликот или гумата за асфалт секогаш има поголема нагазна површина.
1.95 за слик гума без крампони е непрактично за возење и доста лош избор. Гумата има голема нагазна површина што повлекува голем отпор на триење. Повеќе енергија ќе трошиш за вртење, пропорционално на тоа крајната брзина што ќе сакаш да ја кренеш ќе се намали драстично. Дополнително самиот велосипед е потежок за маневрирање и одбегнување на препреки со остри маневри.
Единствената примена на 1.95 ја гледам како логична само ако велосипедот го користиш исклучиво за екстремно брзи спустови од планина по асфалт и ти треба поголема брзина во свиок, тогаш 1.95 е во предност пред остататите. Бидејќи ова е редок случај на експлоатација, изборот на 1.5 па можеби и на 1.75 е полигичен. И нормално ако сакаш да возиш печуркаста гума заради естетски побуди, а не практични тогаш 1.95 ти е ок избор. Во сите останати случаи би ја избегнувал.
Јас лично возам 1.5 и ми се таман за рекреативно возење: Водно, Козјак, Кеј и слични екскурзии по асфалтирани патишта. Не е точно дека 1.5 е потесна од бандажот, гумата си е таман.