Значи на прашањето кој е виновен, пешаците и велосипедистите или возачите... Не знам одговор, ваља пошто не постои. Но кога ќе го погледам постојаното кршење на законите знам дека највиновна е секако државата со неспроведувањето на законите.
Зошто да се спроведуваа законите како што тоа се прави во Холандија или Германија (како што покажува Луки)... 90% од дискусијава ќе беше излишна.
Јас мислам дека е повеќе до менталитет, отколку до нешто друго. Во една друга тема потпрашав зошто сите брзаат некаде и се разви огромна дискусија за и против ограничувањата на брзините.
И јас кога сум бил на точак, имам кочено нагло затоа што некој мангуп со кола не ме пропушта, или некој да ме блиндира позади дека возам 30 во зона 30. Во Германија. Или некој да ти покаже среден прст, штоиаде. Ама тоа е многу многу ретко.
На пример во Њујорк за мене беше огромен шок затоа што пешаците не чекаат да ја поминат улицата. Поминуваат без разлика дали смееш или не. Јас бев единствен што чека. Брат ми ме гледа од другата страна и ми се смее ко зелен. Кога поминав, единствен коментар му беше: Шваба. Во Бостон, сосема различна приказна. Исто како во Европа.
За нова година во Келн имаше страшна пијана гужва околу Рајна и по булеварите околу Рајна. Ама шваби како шваби, колу и да се пијани, знаеш што? Кога светне зелено за пешаци по пешачки премин, река луѓе. Буквално река. Светне црвено за нив, зелено за коли, нема никој, сите културно чекаат. Некаде мислам имаше и клип по порталите од нив.
Исто и со велосипедистите. Во Њујорк е хаос со велосипедите. Хаос, изникнуваат од секаде, возат насекаде. Келн, Берлин, Амстердам, Минхен, Франкфурт, којидае милионски град во Германија/Холандија, се е тип топ. Буквално. Нема хаос, нема ништо. Си има патеки, си има знаци, си има семафори, и си има казни. Има ситни прекршоци, ама се сампоправуваат, сакале нејќеле.
Кога во Македонија и автомобилистите, и велосипедистите, и пешаците ќе разберат дека сите се дел од сообраќајот, и сакале или нејќеле, треба да си го делат просторот и одговорноста рамномерно, тогаш ќе има некаков ред.
Јас не можам да разберам како миљон и пол народ не е во состојба сам да си стави некаков ред. Некаков ред....