^^
Не знам зошто не ме разбра, ама у секој случај да се повторам: наведената сума пари е за хардтејл точак. Сакам и точак со full suspension но хардтејлот има предност пошто можам да го купам веднаш, во спротивно ќе мора да чекам барем до лето (или подолго). 
Прво мораш да дефинираш што ќе возиш и како.
Ако ти е за Cross Country или земи некој short travel Full Suspension (ама за да биде како треба ќе кошта од 1500 еур како минимум па нагоре), или земи саглам Hard Tail.
Ако земаш Hard Tail веќе можда има поента 29" (полесно ќе проаѓаш по корења и слично), ама ќе остане тромоста ради тежинта, и ќе го нема оној момент на пипни-трепни.
Мене лично баш ми се допаѓа она кога точакот е баш баш брз, и кога е агилен, и кога влегува во сингл трек кривини ко по шини. Ко спортско ауто
Или ако можеш да најдеш 27.5" можда па тоа е тоа (иако велат дека 27.5 поблиску е до 26 од колку до 29)
Ако остануваш на Hard Tail можеби е добро да прочиташ повеќе за кој материјал
За мене лично најдобри материјали:
1. Карбон - Не е предноста што е полесен, туку што може да се моделира карактеристиката. На пример да биде цврст за оние сили што ние ги вртиме педалите, а да апсорбира вибрации од подлога. Не значи дека ако е Карбон, мора да е добар. Има карбонски што се срање.
2. Челик - Добар челичен рам е далеку подобар од алуминиум. Во исто време апсорбира, лесен е , а може да биде крут кај што треба. Имаме дома една челична КОНА од 95 година, неверојатно како добро вози тој рам. Го возев еднаш до Пелистер и назад, се одушевив.Цврст на качување, ама сепак ги нема вибрациите од алуминиум. Надоле по тие камењата неверојатно добро упиваше.
Ама добар челик кошта многу пари, и не знам дали се прават во некоја High end верзија во 2014 година. (Лош челичен рам е тапа). Исто челикот е поеластичен од Алуминиумот и потешко пука.
2. Титаниум - Добар титаниум има слични карактеристики ко челик, со тоа што е уште подобар. Ова требаше да го ставам пред Челикот
3. Алуминиум - Крут, лесен, меѓутоа знае да биде harsh. Од друга страна ако шпринташ на рамни делови е доста екплозивен.
Лош алуминиумски знае да биде стварно лош (ќе немаш песок во бубрерзи, а можда ќе немаш и кичма).
Инаку предноста на Full Suspension во однос на hard tail е не само на спуштање, туку и на качување. Може да има подобар грип со подлогата. Јас возам Full Suspension, ама типот на суспензијата кај мене многу подсеќа на Hard tail, одосно е short travel 100 мм, и работи само кога има удари од доле. Го нема она пливачко чувство, ама јас тоа и не го ни сакам. Од друга страна ептен добро забрзува, и те тера да го газиш (кога си во кондиција, ко што јас не сум периодов

)
Тоа е тоа.. Од ова што гледам што сакаш, можда треба да размислиш за Carbon Hard Tail во ценовен ранг од 1300 еур со 29" (обавезно позајми од некого и пробај дали 29" ти одговараат како стил на возење), или ако играш на сигурно 27.5"
Обавезно FOX Амортизер напред, ако можеш да налеташ да има Магура кочници супер, и некои лесни тркала (колку може во таа цена).
Следи ги огласите на
http://www.cikloberza.com/, знае некогаш да налета нешто вакво за евтини пари (мој познаник купи за 1100 еур ,Карбон HardTail што е 2200).
Друг мој другат купи Giant Anthem исто за евтина цена.
И дефинитивно си М величина, не си Л. Тоа што ти излегува дека си С, све зависи што е кај нив С.
Кај роад бике ептен има разлика од произведувач до произведувач за тоа која бројка си. Кај МТб е помалку изразено, ама можно е да си еден бренд М, друг С. Подобро е да купиш нешто помал, од колку поголем. Инаку гледај ја top tube вредноста и какви агли има. Од оваа вредност ти зависи дали ќе ти одговара или не еден точак.
Инаку мојов Specialized e М величина, или во инчи е 17" (има некои кај што М е 18", други 16". Се кладам без да гледам дека кај Canyon S e 16" ), па можда си на некаква граница меѓу 16 и 18 инчи и ти препорачуваат помалата од тие две.