Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1142178 пати)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #1395 на: 24 Ноември 2013, 19:58:17 pm »
Возев 40 минути и ми здосади, почнав да идам цик-цак и излегов од ваљаците. Нормално одма ми стана интересно.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #1396 на: 24 Ноември 2013, 21:12:04 pm »
Доколку има обележана велосипедска патека, возење надвор од неа е казниво. Меѓутоа кога има обележана патека, а истата е полна со коли, луѓе, ѓубре и дупки не ме интересира законот и возам на десниот раб на улицата. Булеварите со многу сообраќај кои имаат лоши патеки секогаш ги избегнувам макар возел километар-два плус.
Не е дека не те интересира, туку дека не те казниле. Да те казнат, да видиш како одма ќе те заинтересира.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1397 на: 24 Ноември 2013, 22:28:10 pm »
Ако лентата е зафатена, се смета дека не постои. Онака лаички, ако има некој стручен нека ме поправи

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Одг: Велосипед
« Одговори #1398 на: 24 Ноември 2013, 22:41:52 pm »
Доколку има обележана велосипедска патека, возење надвор од неа е казниво. Меѓутоа кога има обележана патека, а истата е полна со коли, луѓе, ѓубре и дупки не ме интересира законот и возам на десниот раб на улицата. Булеварите со многу сообраќај кои имаат лоши патеки секогаш ги избегнувам макар возел километар-два плус.
Не е дека не те интересира, туку дека не те казниле. Да те казнат, да видиш како одма ќе те заинтересира.

Па неверувам дека ако ме казнат ќе го решат проблемот со никаквите патеки. И да ме казнат, пак јас ќе нема кај да возам освен на коловоз. И тука не е работата некултура. Каде што има патека секогаш возам на неа, ама каде што има, а нема услови за возење - приморан сум да се снаоѓам. Конкретно овој дел од Скопје:



Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1399 на: 24 Ноември 2013, 22:49:26 pm »
Во секој случај, не смееш да имаш став „не ме интересира законот“, затоа што можат да ти пишат казна по тој закон

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Велосипед
« Одговори #1400 на: 25 Ноември 2013, 09:51:33 am »
а со точак ке застаниш на џандар, освен ако не истча пред тебе и да те фати за рачки?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Велосипед
« Одговори #1401 на: 25 Ноември 2013, 13:03:32 pm »
Not a valid youtube URL
за 8 денари ич не се масира...

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1402 на: 25 Ноември 2013, 13:12:46 pm »
Да, али тоа ако беше само до горивото. Ама каде е тука одржувањето на возилата, регистрацијата, па и казните за сообраќајни прекршоци. Од ова ништо немаш кај велосипедот бар за сега, освен одржувањето на велосипедот, кое не може воопшто да се споредува со одржувањето на колата...

Е сега ќе си се помучиш малце со велосипедот али за катаљарда миљони пари поевтино од колата. :)

За кратки релации, велосипед е бољи. Ако ти се брза некаде, или си болен, или имаш друштво со тебе, или па треба на подолг пат да кинисаш - кола. :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Велосипед
« Одговори #1403 на: 25 Ноември 2013, 13:20:22 pm »
8 денари од километар вкупно 12 километри во два правци = 100 денари. таман што ке пиеш во кино карпош ке си ја платиш пијачката и плус што ке поработиш малку на себе и своето здравје!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Велосипед
« Одговори #1404 на: 25 Ноември 2013, 13:31:26 pm »
Така испотен само за у кафич ќе си. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1405 на: 25 Ноември 2013, 13:34:47 pm »
Па добро бе, полека, лагано и без напињање ќе возиш. Јас порано кога немав осет за возење (читај возев ко будала иако возев споро) и се потев ко сумо борач у оргија, тогаш избегавав увек да возам точак. Ама сега си го научив телото и метаболизмот и потењето, па немам гајле од потење. :)
Ќе си тргнеш малце порано, и возејќи пополека ќе стигнеш чист и сув, за беспари.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Велосипед
« Одговори #1406 на: 25 Ноември 2013, 14:50:42 pm »

Е сега ќе си се помучиш малце со велосипедот али за катаљарда миљони пари поевтино од колата. :)


Поткрепи ја оваа бројка, а не само така да нафрлаш!!! :D :D :D се шалам бе се шалам... Мене најголем проблем со велосипедот ми е што многу лесно се краде. Е у тој случај одеднаш ги губиш 400-500 евра (колку што кошта еден релативо солиден велосипед), а со таа сума ќе возиш доста километри со кола. Јас би рекол дека и двете си имаат своја намена и се потребни, неможе така црно/бело да се претстават работите.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1407 на: 25 Ноември 2013, 15:07:25 pm »
За до ваму таму не треба велосипед од 400-500 евра. Најважно е да има покриен ланец и функционални калници на тркалата. Звонче и корпа на гидан исто така не се на одмет. 400-500 евра се даваат за велосипед со кој планираш солидно да се испотиш.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Велосипед
« Одговори #1408 на: 25 Ноември 2013, 17:41:47 pm »

Е сега ќе си се помучиш малце со велосипедот али за катаљарда миљони пари поевтино од колата. :)


Поткрепи ја оваа бројка, а не само така да нафрлаш!!! :D :D :D се шалам бе се шалам... Мене најголем проблем со велосипедот ми е што многу лесно се краде. Е у тој случај одеднаш ги губиш 400-500 евра (колку што кошта еден релативо солиден велосипед), а со таа сума ќе возиш доста километри со кола. Јас би рекол дека и двете си имаат своја намена и се потребни, неможе така црно/бело да се претстават работите.

А ако ти ги украдат гумите од колата како што е модерно сега, поскапо ти се фаќа.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1409 на: 25 Ноември 2013, 18:05:32 pm »
Абе едно постаро точаче, Собим или некое такво, така подза’рѓано... Да се користи како точак за секојдневна рутинска вожња. Козметички да е катастрофа, а механички да е целосно исправен.

Стави две различни гуми, браници, испокинати лепенки по рамот и слично, за да оддаде впечаток на крш точак. Таков заклучен точак верувам дека никој не би се осмелил да го украде, пошто едноставно не му се исплати ризикот да остане без зуб-два за еден точак што вреди едвај 1000-1500 денари.
Ама што знам, секакви луѓе има на планетава...

А за рекреирање на патека на кеј, и за слични релации каде што точакот е секогаш до тебе и е безбеден, се знае, поскап и подобар точак. :)