Да ми дадете некоја препорака за добар велосипед.Гледам дека многумина низ градов возат па сакам и јас да земам нешто.
Гледав оваа недела низ продавнициве.Буџетот ми е 400 евра односно 25000 денари максимум.
Дали можам за оваа цена да земам нешто добро.Навистина не се разбирам баш во делови,а би сакал да земам најдобро за парите.Имам некои другари кои веќе возат и имаат велосипеди и ми велат дека најбитно ако сакам да трае повеќе велосипедот да земам поубави делови(заден менувач,запчаници и др работи).Тоа е се убаво но ако може некој да ми даде некоја понуда.
Ќе ве молам од старт Полар,Алпина и сличните да не ми ги нудите.Правевме муабет со другариве да одам на половен велосипед,но со подобри делови,или пак да земам рамка и на делови да го склопувам.Така да сите опции се отворени,па ве молам ваша некоја идеја и предлог што да се земе.Благодарам