Хахаха. Остави ти тоа лесното педалање...
Гледај да ти биде точакот увек у топ стање, и вози го што почесто. Најбољи, најдоверлив и најефтин превоз ти е точак... Секако ако ти е добро опремен со квалитетни и добри делови (кевларски гуми, кочници, лагери, бандаши, рам и све остало...). А и ептен е здраво за телото.

Јас иначе возам Castello Pilot, 24 брзинец... Такозвани КАМАРО (ради бојата). Не ми е у топ стање и има доста за средуење, али пошто не ми праи мерак баш, не ни се трудам да биде у топ стање. Задниот трап самиот од себе се искриви (добро и јас сум виновен премногу Nm на педали си го праат своето), па задната осовина, односно задното тркало ми стоеше на криво па ми се виткаа осовините. Па го стругнав малце рамот каде што стои осовината, и ете, сега право стои тркалото, али пак ради тоа што го стругнав не ми праи мерак, ем стругнато ем и рамот и понатака си е малце крив... Задната ѕвезда отидена е... Да ја ебам, си знаат клабериве како ми прошлајфува кога бев на паркингчето во паркче кога се делеа маиците.
Гуртните у пичку матер, свират бетер и од товарен воз кога ќе се залета (си знаат Томе, Фиц и Спенсер

), а на мокро и при најмал допир квичат. А пошто јас намерно ги штелувам гуртните да допираат на бандашот, си свират тие нонстоп особено на мокро. Треба да се мењаат али чим тера вака, не му се замарам. И онака после падот поради кој што можев да умрам, не возам често агресивно. Иако понекад знам да се испуцам.
Пред Кастелово имав Собим точаче, со заден и преден амортизер. Машина бе. Што све немаше истрпено тој точак само... Дури и бандашот на пола сум го расцепил буквално... Немаше видено ниту 5 минути лагана вожња. Како ме изгура цела 1 ипол година без ништо да му сменам, алал му вера. Па после дојде рапидно пукање на задни гуми и откажување на ѕвезди и некои други ситници. Повеќе време стоеше растурен во подрум него ли што се возеше.
Ми се погоди да сменам 4 гуми во еден месец, и тоа сите ми пукаа, две пукнаа пошто така им текнало (чиста кинезарија), а другите сам си ги испукав. Јебига, многу скокав од тротоари и од огради. На тој точак ниту еднаш не сум дупнал гума, во цели 2 ипол години колку што го возев.

A пошто од многу скокање, ми се еба лежиштето на десните лагерчиња на задниот бандаш. Црната маст се претвори во сива, металик маст. И ми скурчи од 4 пати мењање задна гума, па на крај да излезе проблем ова со лагерите... Исто така и ѕвездите ги мењав на секои 3-4 недели. Таман ќе го средев, ќе го возев 2-3 дена па после пак растурање и праење. Хаос. Денес ова точаче стои некаде растурено и забаталено у подрум. Исправните делови од него отидоа кај рандом дечиња... Си ги возат и ден денес.

Имам и друг Собим, без амортизери. Е на него, свака му дала, ниеден дефект да пројави. Све што е потрошен материјал е менувано на време. А возен е без штедење, но и без екстремно глупирање со него. Све освен седиштето и некои други козметички ситници е топ, да ти е мерак да испаднеш на подолг пат со него.

Да додадам дека Кастелото и старото Собимче со амортизери, се возат и беа возени скоро секој ден на патека, од Карпош 4 до Аеродром. Понекад и двапати дневно на иста релација. А додека со Кастелото сум испаѓал и на подолги рути... Сум идел до Драчево, Матка, Водно и слично.
Да најдам некој така подобар маунтбајк рам, ќе го средам и ќе го возам низ Скопјево. Додека за на кеј имам Рог Турист рамка, со 28ци бандаши. Треба да се средат некои стварчици на рамот и да се префарба, па потоа да се склопи и да се вози. Имам и некои планови у глава, да му додадам уште еден пренос со зупчаници, да има два ланци и дупло поголем сооднос на вртежи педали/тркало. Па да си крузам 50-60км/ч без некое форсирање. (снагата на копитата не е проблем, ги вежбам на кастелото со притиснати гуртни)

Знам дека се изнапишав, не знам што ми стана ама после исповедувањево се осеќам поиспунето.
