Kaj Scale 80 едино ми мати памет што напред има шалтер Аливио, а позади Деоре шедоу. Зашто ваков компромис?
Со оглед дека точак возам од 94 година (се такмичев, и сеуште возам (само што се вратив од 70 км возење)), ајде малку совети на што да обратите внимание кај купување на точак.
1. Најважна компонента на точак е Рамот. Најбитно од све е да ви одговара геометријата на рамот и поготово големината. Џабе екстремно скап точак со не знам каква опрема, ако не ви одговара самиот рам. Гледам доста луѓе купуваат погрешен точак палејќи се на менувач и слично. Ако се купи тамам рам и со соодветна намена (ако ти е за off road возење и тоа и нагоре и надоле, купуваш XC (cross country), ако ти е само за спуштање купуваш DH (Downhill), итн итн..., имаш добра основа и можеш лесно да правиш упграде. Aко промашиш тоа, џабе све.
Еве ви еден сајт каде што точно може да одредите кој рам е за вас во поглед на големината на рамот. Посебно обратете внимание на хоризонталната должина на рамот, бидејќи од нејзе ви зависи начинот на седење и позицијата.
http://www.competitivecyclist.com/za/CCY?PAGE=FIT_CALCULATOR_INTROИсто висината не ја одредува исклучиво правата големина на рамот. Може да сме иста висина, ама да имаме различна должина на нозе, раце, труп, па да возиме разна димензија на точак. Погорниот линк ќе ви помогне во изборот.
Исто од кога ќе се одреди правата големина на точакот, многу е битно да се подеси правилно и тоа:
- Висина на седиште (треба да се користат мускулите и на листови и на бутови, а да не е превисоко и да ве боли кичма)
- Позиција на седиште (напред/назад/агол)
Кога седите на седиште, ако ги ставите педалите во хоризонтална позиција, и ако пуштите висок од коленото (она дупчето на самата чашка), треба да падне точно врз осовината на педалите. Ова е многу битно за правилно и удобно возење.
- Должина на стем
Од кога ќе ги подесите претходните параметри, се бира ова. Треба рацете да се благо свиткани (не смее никако затегнати). Исто не треба ни прекраток стем, бидејќи во тој случај нема да може да возите како треба.
- Агол на стем
- Висина на стем
Зависно од намената на точакот зависи и висината на стемот. Ако е за cross country, генерално треба гиданот да биде нешто под седиште (колку и како, како и другите парамтери бараат експериментирање)
Од правилно подесување на овие параметри ќе ви зависи дали ќе ги искористите перформансите на одреден точак или не.
Исто карактеристите на самиот точак, колку лесно се качува, дали е стабилен на спуст, дали се витка при спринтање , дали апсорбира при спуштање или дупки (идеално би било ако е тотално крут на вртење педали, апсорбира дупки, и не се витка во кривини), ова највеќе зависи пак од рамот:
- Геометријата на рамот
- Материјал на рамот (штосот е да е лесен, доволно крут при влегување во кривини и при спринтање на педали, а сепак да апсорбира дупки и вибрации. Ова успева да го исполни карбон, добро изработен челик, или добро изработен титаниум. Алуминиум ги исполнува тие особини ама знае да биде крут и да не апсорбира доволно, и кај евтините верзии е тежок.Кај верзиите со два амортизера самите амортизери апсорбираат така да алуминиум е добар избор (иако за мене најдобар е карбон во таквите случаи).
- Изработка на рамот (дали е истенчен кај што треба, и дали е зацврстен исто кај што треба)
Втора работа што е многу битна а гледам никој не ја спомнува за брзината и перформансите воопшто на еден точак. Тркалата
Највеќе игра улога ротационата тежина на точакот (секогаш би избрал потежок рам со ултра лесни тркала, од колку ултра лесен рам со тешки тркала, освен ако не намеравам набрзо да правам упграде).
Ако пробате точак со стварно лесни тркала, ќе сватите за што зборувам.
Од квалитетот на суспензијата зависи стабилност, удобност , управливост (за надоле). Добра суспензија треба при качување нагоре да не ни зема од снагата , а во исто време да обезбеди добар грип. Повеќе сакам воошто да нема суспензија, од колку да има чкарт (што обично е случај кај евтините точаци)
Да скратам

При купување не се палете само на марката, нити на менувачот или амортизерот. Има доста маркетишки финти поготово во поевтините модели. Ама ако веќе купувате во таа класа , и ако ви е стварно да возите обратите највеќе внимание на посочените детали.
Sobim, Decathlon и слично, воопшто не ги ни сметам за точак.
И Бугар ќе те разочарам. Апсолутен минимум во пари за колку толку саглам точак (ништо посебно, туку почетничко ниво), ти е 500 ЕУР.
Некое ниво да можеш посериозно да уживаш во перформансите ти е некаде 1000-2000 еур (ова би дошло висока средна класа).
Ако имате прашања тука сум
поздрав
Дарко