Би рекол дека можеш да одиш до 34 заби на најголемиот запчаник бидејќи таа е големината која максимално ја поддржуваат менувачите на Шимано со 8 брзини.
Ќе добиеш пониски прва и втора брзина ако угорниците кон Водно/Сопиште те умараат, ќе изгубиш линеарност во променената на брзини, т.е. меѓу секоја следна и претходна брзина ќе имаш поголем скок на вртежите на педали.
Ако не ја користиш првата брзина за качување на тие угорници, пробај и најди касета со 28 заби на најголемиот запчаник. Така ќе добиеш полинеарна промена на вртежите и полесно ќе можеш да избереш брзина што ти одговара во градски услови.
Секогаш можеш да идеш и на истата конфигурација. Било што и да избереш, буџетирај и ланец без разлика дали си го сменил и пред 200 километри.