Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1143430 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Велосипед
« Одговори #6750 на: 28 Март 2022, 15:49:16 pm »
Малку занимација, купив specialized hard rock 1991-1992 би требало да е. Расклопен исчистен подмачкан и малку апдејтиран.
Еве слика од огласот каков беше



Еве слика од моментална состојба





Го расклопив и исчистив детално, подмачкав. Ги извадив роговите, си доби ново седиште, нови грипови, нови педали, гуми и кочници. Преносот е истиот shimano gs200 и работи перфектно, кочниците се апгрејд од фабричките кантилевер со нови ви брејк од шимано



сумирано во пари:
1. Велосипедот 3000 денари
2. Гуми кенда 1200 денари
3. нови внатрешни 300 денари
4. Седиште и грипови 700 денари
5. Кочници и рачки 3500 денари
6. Педали 300 денари

Во план ми е да ги заменам педалите зошто се срање ама ги имав во моментот и ги искористив, ќе ставам црвени педали и црвен држач за бидон да разбие ја жолто-црната :) и за сезонава толку. Зимава планирам да сменам запчаници напред и назад и нов ланец и ако најдам гуми 26-ки со жолт страничен зид.

 

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Велосипед
« Одговори #6751 на: 28 Март 2022, 17:58:14 pm »
Браво. Си го подмладил и улепшал. А и цената топ. Каде го начека? Према фб огласник околу 150 евра им бараат за "звучни" имиња од 80/90 тите.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Велосипед
« Одговори #6752 на: 07 Април 2022, 09:31:19 am »
Околу притисокот во гумите, за строго возење по асфалт (за сити бајк) се препорачува околу 6 бара, за по „планини“ околу 2,5 бара, е сега моите гуми се за „mountain bike“ ама возам по асфалт (така ми останаа од порано), соодветно би било да бидат на некои 4- 5 бара, како нешто измеѓу?
Своерачен потпис ;)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1156
Одг: Велосипед
« Одговори #6753 на: 07 Април 2022, 10:37:05 am »
Секоја гума си има макс колку може да се напумпа. Гумите за планински и роад се различни и си пишува од страна мин/макс колку да се пумпа. Неверувам дека гума за планински може да ја напумпаш на 5 бара.

Јас конкретно возам планински точак со гуми Maxxis Ikon и ги возам некаде на 2 - 2.5.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Велосипед
« Одговори #6754 на: 07 Април 2022, 12:52:25 pm »
Секоја гума си има макс колку може да се напумпа. Гумите за планински и роад се различни и си пишува од страна мин/макс колку да се пумпа. Неверувам дека гума за планински може да ја напумпаш на 5 бара.

Јас конкретно возам планински точак со гуми Maxxis Ikon и ги возам некаде на 2 - 2.5.
На исто мислење сум и јас, не верувам дека може над 5 бари да иде, а да не рокне :)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Велосипед
« Одговори #6755 на: 07 Април 2022, 19:22:02 pm »
Околу притисокот во гумите, за строго возење по асфалт (за сити бајк) се препорачува околу 6 бара, за по „планини“ околу 2,5 бара, е сега моите гуми се за „mountain bike“ ама возам по асфалт (така ми останаа од порано), соодветно би било да бидат на некои 4- 5 бара, како нешто измеѓу?

На страната од гумата (sidewall-от) имаш напишан максимален притисок. Не би го надминувал. Ако е погруба гума, за терен, би рекол дека 3 бара се доволни ако ја возиш по асфалт, или општо ако не возиш off road.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Велосипед
« Одговори #6756 на: 13 Април 2022, 07:42:01 am »
Да во право сте, од страна на гумата си имаше декларирано од колку до колку бари може да се пумпа (кај мене стоеше од 2,8 до 4), ги напумпав на 3 бара, скоро тврди, како за на асфалт.
Инаку денеска конечно се осмелив да идам со точак на работа (плус периодот не ги возам сопругата на работа и детето на школо), точно 15 мин до работа ми треба (3 км). Благодет кога не се замараш дали имаш паркинг и дали те блокирал некој. Да искористам периодот, инаку после сакал нејќел па со кола ќе мора да се оди.
Она што ми смета е дека овој период има многу разлика во температура од сабајле до попладне.
Своерачен потпис ;)

Отсутен zabiste

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Велосипед
« Одговори #6757 на: 14 Април 2022, 14:20:57 pm »
Дечки предлог за велосипед до 450еур? Главно низ град ќе се возит и чат пат до кучково и слично

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6758 на: 19 Април 2022, 13:51:41 pm »
Да постнам некоја слика од патиките и точачето со новите спд-сл педали. Многу поубаво изгледаат педаливе него стандардни педали, и дефинитивно многу подобро се вози од педаливе, особено е изразено на успон, каде наместо да трошиш сила да го држиш стопалото на педала, само си вртиш.
Им ставив на патичињата заштита на петата, да не го искинам платното од ставај вади.
Си купив и ЦО2 патрони по багателна цена на бајк24




Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Велосипед
« Одговори #6759 на: 19 Април 2022, 14:21:59 pm »
Брза патика!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Велосипед
« Одговори #6760 на: 20 Април 2022, 09:38:48 am »
@AngelSK Од велоспиед.мк го имаш земено точакот, како си задоволен, колку време го имаш?
Своерачен потпис ;)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6761 на: 20 Април 2022, 10:03:59 am »
@AngelSK Од велоспиед.мк го имаш земено точакот, како си задоволен, колку време го имаш?

Да, од таму е. Топ е точакот,  скоро 2 години го имам и освен ланец што сменив на 4к км, бесплатно ми го сменија, ништо друго немам сменето.

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Велосипед
« Одговори #6762 на: 22 Април 2022, 12:48:59 pm »
моето машинче

SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Велосипед
« Одговори #6763 на: 22 Април 2022, 13:14:23 pm »
Те го и моето 😄


Sent from my ONEPLUS using Tapatalk


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6764 на: 24 Април 2022, 11:14:44 am »
Брза патика!

Да ти кажам право брза, релацијава ја возев со просечна брзина 24 км/ч, со патикиве извадив 26.6. Следен апгрејд за некоја година роад бајк, не ја бива вака со ветер, ме мава во гради на флет бар и ме кочи.