Абе ако не пријавиш што внесуваш, и цариникот не се замара да те тресе, да, "без проблем" се внесува и 50 кила сатива.
Дешавката моја од Бугарија од Декатлон кога идев беше јака:
- Имате нешто да пријавите?
- Немаме.
- Е ај да провериме.
- *Отварам гепек од Xsara Picasso полн со кеси и кутии*
- Е ова што е?
- Па ништо, нема ни 300 евра вредност овде, а нели над 350 по човек се царини.
- Господине, ваше е да пријавите што носите, наше е да ја утврдиме вредноста. Очигледно не сте разбрале што се прочитале, и поради тоа со арно ќе ја тераме работата.
Си се извинив и признав дека не сум разбрал, ги претресе сметките и кесите, ни посака среќен пат и тоа е тоа
