Ја сум голем љубител на велосипедите...Чекам само да се подстопли и да си го јавнам магаренцето.
Инаку велосипедот не ми е со диск сопирачки, во моментот кога го купуваф немаше. но затоа има неколку аксесоари, модификации и слично
Инаку станува збор за GT Transeo 4.0, Hybrid, со големина на тркала 28". Инаку ова е градски велосипед City Bike + се декларира и за велосипед кој може да се вози и по нерамни терени, но не баш како оние на кои се вози со Mountain Bike. Тоа е заради големината на самите бандаши. Бандашите се AlexRims, гумите се MTB. Сопирачките се Tektro. И покрај тоа што се дупли и појачани, големината на обрачот си го прави своето. Заради фактот што овој велосипед се декларира како градски, нема потреба за диск сопирачки.
А и од друга гледна точка цената на плочките не е баш мала, за разлика од квалитетни гумички кои ги има за кочници во моментот.
Од дополнителна опрема има брзинометар SIGMA со позадинско плаво осветлување, на времето како што имаа Casio Iluminator, фар
кој свети во три различни модови, задно светло кое свети во 7 различни модови, мини ѕвонче, држач за флаша за вода и подпирач (ова не влегува во сериска опрема на овие модели). Инаку заменето е и стандардното седиште со малку необично седиште во вид на бумеранг
такозван MoonSaddle. Инаку седиштето е медицински тестирано и има многу добри возни перформанси, не замара и не оптеретува додека се возиш со него. Малку е специфично и воочливо, али по мене е фантастично
Еве и фотче едно