Јас би рекол дека е поголема шансата да ти се јави воздух при толку често отварање на системот, ама ајде. Минералното масло плус, не е толку подложно на привлекување влага, така да може и година дена да држи без да се смени.
Пакните се трошат брзо и се прави вакум внатре и малце по малце си повлекува. Не е проблем со кочниците и системот, така едноставно си работи. Ако велосипедот се вози активно треба активно и да се сервисира. Незнам колку активно возиш, јас во сезона сум ~100km неделно.
На road сум сега, се со сајли. Бев порано на MTB, две подолги сезони, околу 4000 километри и два сета пакни сменети, ниеднаш не осетив воздух или вакум или што и да е во кочниците, а си сакам да ги малтретирам точаците (и да ги одржувам секако, кога ќе дојде време и потреба).
Од фабрика колку што си беа наполнети, супер си им беше. Како што се трошеа пакни, си подесував lever reach наместо да се потпирам на количина на масло за оддалеченост на рачката или колку плитко или длабоко во одот фаќаат кочниците.
Иначе што вика
@Баги не влагал воздух од често отварање, се согласувам. Ама толку често да мења масло некој, доволно е еден дел од процедурата да се промаши ради невнимание или деконцентрација и ќе бидат шит кочниците...