Јас зедов од али, ББ7 „клешти“ од една продавница 56 долари, и ротори Avid HS1 2 (два) 183мм за 11долари. Кај нас не можиш да најдиш ротор а камоли еден да те кошта помалку од 1000денари.
И јас бев скептик, ама после 3 години или ~5000км, роторите не се искривија, не се истрошија повеќе од нормалното, пакните не излетаа од плочката.
Нашиве точкари и општо велосипедската индустрија се изматуфија со цените, колку материјал има во една пакна па за еден пар да даваме 1000денари,
а процесот на производство е најверојатно многу прост.
ЕДИТ:
Од али се сложувам за некои работи да не се земат, како кацига (најверојатно не задоволила никаков стандард) а и волан посебно ако рипате со точако, другар на обичен дроп од 1м го свитка „оригиналниот“ од али Spank волан.
Друго CRC нудат најдобра опција за поштарина во МК, никаде не е поефтино од 7евра, и користат Ројал мејл, меѓутоа еднаш ме заебаа и не планирам да порачувам повторно од кај нив во блиска иднина.