MartinAlfista
Напишав пост од три параграфи, и сфатив дека џабе се трудам. Знаејќи го другиот Јаре и каков пристап има тој кога сака да објасни нешто од негова експертиза, кога видов дека си одговорил на темава очекував сличен пристап и од тебе. Во ред е.
Наместо да кажеш како народски да се обраќаме ние во Македонија кога мислиме на 9234 RS јапанско лежиште, ти улета со кодови и англиски називи. Во ред е и тоа.
За небулозите, луѓе (и не македонци, не го измислија македонците ова) всушност чистат и подмачкуваат лагери во велосипедската индустрија. Го правам тоа и јас како превентивно одржување, и еве, не станаа лагерите коцкасти, не се распаднаа. Ова не е во ред, така?
Во темава, спомнавте лагери за точак, а не како јас или класниот оставаме слично клучеви на клавир. Неумесно е да се дискутира начинот на дискусија. Се дискутира темата. Лагерите не сум ги измислил јас, а тоа не го направиле ниту големите заљубеници во точаците. Тоа што некој по врвните точакџиски форуми промовира подмачкување, не оправдува нешто што едноставно не држи во логиката на одржување на лагерите. Некој можеби добил идеја, па еден куп blind followers можат идејата да ја повторуваат.
Тоа што ти сакаш да си follower на таквите размислувања, е ок. Тоа што ти превентивно отвараш и подмачкуваш опет ок. Ама со тоа не си го продолжил векот на лагерот, само си дотурил маст, а во голема мерка си погрешил, со оглед дека си ја зголемил пропишаната грамажа.
Во лагерите нема одокативно народски жаргон. Дај ми лагер - колкав - волкав

Тоа нема. Многу е важно лагерот да се искарактеризира со оргинална или заменска ознака, со сите дополнителни словциња. Ако сакаш да трае. Ако не, бапни го првиот со тие димензии, па вози. И мене би ми било послесно да работам со 100 наместо со 500.000 артикли, каде еден може да биде ист ама различен во 10 подтипа, а иста димензија.
[/quote]
Маста за лагери мислам дека е над 50еур кг, обичната гресмаст мислам дека подобро да не се става отколку да се става
Не, во зависност од маста, може да биде во рангот од 12 ЕУР/КГ а дури и до 730 ЕУР КГ. Литумската маст, која се продава по пумпите е сосема ОК, за стандардните типови на лежишта кои се подмачкуваат.