Здраво,
Во план сум да купувам точак периодов, па добро би ми дошол некој совет.
План ми е да го користам за превоз до работа значи основна подлога тротоари, би одел и на Водно можеби неколку пати годишно некоја тура кога ќе се најде време рекреативно.
Изборот сепак би ми бил планински велосипед.
Висок сум 193см тежина 94-95 кг.
Буџетот би ми бил до 18.000 20.000 ден. Гледам дека ако се плаќа во готово се дава и попусти до кај 10% или 15% , плус планирам да искористам и субвенција од општина Центар. Значи почетна цена некаде би била до кај 24.000 ден отприлика.
Ми рекоа за таа цена солидни би ми било нешто слично на ова и би ми завршило работа
http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=65&product_id=65Ако може некој совет дали за тие пари може да се најде нешто, дали да одам на ново или на старо , кој модел, од која продавница, ако треба би доплатил и плус некој денар ако прави поголема разлика итн. Не се разбирам многу освен што имам слушнато за Shimano , Макс дека не чинат, што би се рекло не сум во тек.