Абе мислам дека веќе имам пишано, ама тоа со "продавницата" е само мит. Јас сум бил 3-4 пати досега и никогаш не сум видел нешто друго освен тежок крш и тоа не само за точаци, туку за се останато. Продавааат и телевизори и гуми и миксери и остали лања, и се многу бајато и крш и прескапо. Немаше телевизор испод 200 евра, а збориме за хотелски мали ЛЦД телевизорчиња кои патем ги носат расипани он ги поправа и дава 3 месеци гаранција. Па за 200 евра се зима ултра ХаДе-МаДе со 3 години гаранција на ново бре! А за точаците... Најверојатно ги проаѓа прво со багерот што му стои пред куќа па ги продава. Јас незнам некој да начекал од таму и да купил нешто убаво, сите само знаат за некого дека некогаш од таму купил точак што бил гланц ноФ и го земал за ич пари. Уште трагам по тој лик поради кој кружат сите овие урбани леЃенди за "салонот" на влезот во СинЃелиЌ.
П.С. Ако се решиш да одиш, сподели, можеби јас сум баксуз и кога идам намерно ме дупат со цените и со робата што ми ја покажуваат.