Рангот на уништување е многу голем (30-400ккм). Мојот на 265ккм е сеуште во добра состојба, може да помине уште 100к без проблем, малку вибрации и звуци испушта.
Сакам да го сменам затоа што сакам колата да ми биде во перфектна состојба, но не сум сигурен дека новиот ќе биде подобар од овој што го имам.
Да речеме агресивното возење драстично го троши замаецот. Страртови, спринт, газење, максимална брзина, тоа е смрт за замаецот, може и на 50к да падне со Рики стајл. Се зависи од начинот на возење, едно турбо има доживотен век со нормално возење, Рики ги менуваше секој месец...Зависи и од марката и квалитетот на примерокот што е ставен во возилото. Се случува фалш примерок да затропа на 30к што е недозволиво. А и во странство, не само во МК луѓе се жалат на лош квалитет на замаец на многу ниска километража да почне да тропа.