До 150 нема мака, над тоа се мачи моторот кога забрзува, 200 да достигне му треба една година. А за одржување на брзина си нема мака, никогаш нема да омалакса моторот на угорница.
Се на се, потрошувачката е супер во однос на преформансите кои ги нудел моторот во тоа време (ако е истиот како во Голфот). Нема никаков лаг, прекрасен одзив на гаста, а троши 6 литра на 100км со норманлно возење без никакво пазење.
За разлика од него, 1.5 дци-то(70кс) во Клиото страшно ме нервира кога ке притиснам на гас а нема да потегне веднаш.А едвај 1-1.5 литро помалку троши.
Последно мерено викендов со Голфот, од од Крива Паланка до Скопје, возено по знаци, 4.3л/100км, инаку околу 5 троши да си возиш цело време 100-120.