Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2216489 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8190 на: 30 Мај 2014, 21:08:42 pm »
Логиката позади ова е едноставна и лесно разбирлива. Поголемите потори имаат нешто повеќе торк и нешто повеќе сила, па заради тоа нема потреба да се цедат за да се постигнат некои секојдневни перформанси.

Логиката е сосем спротивна.
Ако исто возило се вози на ист начин и двата мотори ќе произведат исто количество на енергија. Меѓутоа во услови на idle вртење во градска вожња помалиот мотор секогаш ќе троши помалку. Ако двата мотори се исто ефикасни тогаш во најлош случај ќе потрошат исто количество на гориво ако се возат на отворено, но ако се возат во град помалиот мотор секогаш ќе троши помалку бидејќи ми е потребно помалку енергија за да се движи idle.

Тоа дека на малиот мотор му е тешко а на големиот лесно е чиста илузија. Тоа е машина и на неја тоа не важи. Уште одозгора моторот е поефикасен кога е пооптеретен така да помалиот мотор ако повеќе е оптеретен работи во поефикасен режим од поголемиот.

Потрошувачката при idle е ситна боранија во големата слика.

И моето искуство зборува дека во иста кола и при исто возење, помалиот мотор често пати троши повеќе.

За иста работа помалиот мотор ќе мора да се заврти на повеќе вртежи, направи повеќе циклуси, клипот повеќе пати на број да иде горе-доле, а интристичните загуби се токму функција од вртежите. Доколку се возат исто, помалиот мотор ќе има поголеми интристични загуби. А, бидејќи загубите се најголемиот дел од колачот на потрошувачката, ќе троши вкупно повеќе.

Уште еднаш потенцирам дека сето ова важи доколку двете коли возат мање-више исто.

Калос 1.2 низ град троши вкупно повеќе од Калос 1.6, ова проверено. A и за Астра 1.4 вс 1.6 го имам слушнато истото. И верувам дека е така бидејќи има теориско покритие.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8191 на: 30 Мај 2014, 22:09:22 pm »
U ovaa tema leta strasno lazenje,a ne mi e jasno zosto.Nekoj koga ke si pise realno go pravat nenormalen,ili kolata mu e defekt.
Направив некој груб тест и го постирав на форумов, со газење максимално на отворено ~11, со дефанзива (+20 на автопат, релаксирано по кривини) ~7л. Така да 4л разлика на мојата кола, само од стил на возење. Е сега да имаш нерви и тие +20 да ги симнеш на +0 на автопат (јака ти душа) ќе симнеш на 6 сигурно, со мојата кола. Значи тоа ти се цели 5л разлика, со ист човек зад волан, и иста кола. Затоа обично јас си пишувам и некое грубо возење +30 до кај +50 на автопат. Е сега, некој вика +30 кога дигнал +30, а некој вика +30 кога возел +30, и ете ти ја ГЛАВНАТА разлика. Кога ќе пише некој толку и толку „со возење 180мкч“ обично не возел 180, туку дигнал 180. На 180, горе доле познато ни е на сите колку трошат колите, и таа бројка не е 7. Значи имаш разлика во возење, плус згора на тоа разлика во изразување.
Згора на тоа зборот „газење“ како што реков, на 1.6 тди, газење е 150-160. За Панамера Хибрид, тоа е цивилизирана и култивирана вожња, а газење е 250-260кмч. :)
Јасно ми е,затоа викам дека треба да се пише и просечната брзина,или времето за кое е поминато растојанието. А не "ја газев 180", а на сликата од борд му стои 70 просечна.Секој различно ги сваќа возачките стилови.Со начинот +30 и +50 за кој се согласуваме не троши ништо 5 или 6.
И кај мене кога ја возам негде околу 100-ка ми стои моментална од некои си 6-7,ама оди издржи да не стиснеш ништо повеќе.Па никогаш не сум пишал дека ми троши 6,xx или 7,xx. 


Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8192 на: 30 Мај 2014, 22:13:01 pm »
Логиката позади ова е едноставна и лесно разбирлива. Поголемите потори имаат нешто повеќе торк и нешто повеќе сила, па заради тоа нема потреба да се цедат за да се постигнат некои секојдневни перформанси.

Логиката е сосем спротивна.
Ако исто возило се вози на ист начин и двата мотори ќе произведат исто количество на енергија. Меѓутоа во услови на idle вртење во градска вожња помалиот мотор секогаш ќе троши помалку. Ако двата мотори се исто ефикасни тогаш во најлош случај ќе потрошат исто количество на гориво ако се возат на отворено, но ако се возат во град помалиот мотор секогаш ќе троши помалку бидејќи ми е потребно помалку енергија за да се движи idle.

Тоа дека на малиот мотор му е тешко а на големиот лесно е чиста илузија. Тоа е машина и на неја тоа не важи. Уште одозгора моторот е поефикасен кога е пооптеретен така да помалиот мотор ако повеќе е оптеретен работи во поефикасен режим од поголемиот.

Потрошувачката при idle е ситна боранија во големата слика.

И моето искуство зборува дека во иста кола и при исто возење, помалиот мотор често пати троши повеќе.

За иста работа помалиот мотор ќе мора да се заврти на повеќе вртежи, направи повеќе циклуси, клипот повеќе пати на број да иде горе-доле, а интристичните загуби се токму функција од вртежите. Доколку се возат исто, помалиот мотор ќе има поголеми интристични загуби. А, бидејќи загубите се најголемиот дел од колачот на потрошувачката, ќе троши вкупно повеќе.

Уште еднаш потенцирам дека сето ова важи доколку двете коли возат мање-више исто.

Калос 1.2 низ град троши вкупно повеќе од Калос 1.6, ова проверено. A и за Астра 1.4 вс 1.6 го имам слушнато истото. И верувам дека е така бидејќи има теориско покритие.

Ај најди ми ти декларирана потрошувачка со точни податоци од фабрички спецификации каде поголемиот мотор троши помалку гориво од помалиот во возила од ист модел и иста година на производство.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8193 на: 30 Мај 2014, 22:13:42 pm »
Ја ти зборам за реална, не декларирана потрошувачка. Декларираната потрошувачка не е иста со реалната.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8194 на: 30 Мај 2014, 22:16:11 pm »
Декларираната потрошувачка е резултат на стандардизирана постапка при мерење.
Возењето на Калос 1.2 и 1.6, како и Астра 1.4 и 1.6 и мерењето на потрошувачката кој знае како не е стандардизирана и контролирана и затоа не може да се употреби како пример.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8195 на: 30 Мај 2014, 22:17:53 pm »
Убаво си кажува куоре,слика и чиста работа.иначе,од мое искуство,да извадиш 100ка просек од ск до грчка и обратно,треба да ја возиш скоро цело време 20-30 над знаци.што се однесува на поголем/помал мотор,фаланга,дај немој да заебаваш,се кладам дека при нормална накај брза вожња,2.0 тди ќе извади помала потрошња од 1.4 тди.сум возел,знам.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8196 на: 30 Мај 2014, 22:20:32 pm »
Фичо, ти немој да заебаваш читај што пишувам. Ти не читаш а пак коментираш.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8197 на: 30 Мај 2014, 22:21:45 pm »
До кај е тестот 0.8 vs 2.0 при 150km/h да се види која помалце ќе потроши? :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8198 на: 30 Мај 2014, 22:23:47 pm »
Декларираната потрошувачка е резултат на стандардизирана постапка при мерење.

Да. И нема многу врска со реалното возење, што е очигледно и од евидентната разлика меѓу декларираната и реалната потрошувачка. Тоа ти викам.

Возењето на Калос 1.2 и 1.6, како и Астра 1.4 и 1.6 и мерењето на потрошувачката кој знае како не е стандардизирана и контролирана и затоа не може да се употреби како пример.

Така е. Но, кога би направил стандардизиран експеримент, биди сигурен дека во многу сценарија поголемиот мотор ќе потроши помалце од помалиот.

Поголемиот мотор почесто ќе се вози во поголема брзина и тоа е тоа. Ако за некое забрзување помалиот мотор мора да се симне брзина подоле, поголемиот може нема да мора. И, во цела низа сценарија, поголемиот мотор ќе потроши помалце (бидејќи подолго време бил во повисок степен на пренос). Нема тука ништо чудно и збунувачки.

http://www.nzherald.co.nz/motoring/news/article.cfm?c_id=9&objectid=11198088
http://www.greencarreports.com/news/1082165_do-small-turbo-engines-really-give-better-gas-mileage

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8199 на: 30 Мај 2014, 22:28:52 pm »
Споредба меѓу 1,4 и 1,8
За низ град помалиот мотор секогаш ми троши помлаку со 2 па и 3 литри.
На отворено ако се вози по знаци трошат исто, на брзини преки 130 - 140, 1,8 троши помалку.

Пред некоја година идевме за Лефкада,  јас со 1,8 и другарче со 1,4, низ Македонија возевме културно низ Грција по убавиот автопат цело време возевме над 150 км, јас меѓу тунелите неретко идев и 180 ,на Лефкада јас стигнав со 7,1 по борд а другарот со 9,1.

Сега и јас сум со 1,4 и на отворено со ~ 100 км/ч ми троши 6,5 литра, 1,8 толку трошеше на  ~ 120-130.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8200 на: 30 Мај 2014, 22:29:04 pm »
Милентије грешиш и јас згрешив кога од 2.0 ЛПГ 85кв поминав на 1.6 лпг 65кв... Потрошувачката во град +1-2 литра плин поголема кај 2.0 амааа на отворено со 2.0 не возев под 130-140 пошто едвај на 3000рпм крузаше (потрошувачката не мрдаше над 8.5) а со ова прдалово со истата вожња испод 10 нема шанси.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8201 на: 30 Мај 2014, 22:48:24 pm »
Не грешам. Сосем сум во право.
Помал мотор не значи по автоматизам и поголем број на вртежи. Филип, не земаш во предвид дека поголемиот мотор има поголема пумпа за вода, поголем алтернатор, повеќе вода за кружење, повеќе масло за кружење, поголем компресор за клима и поголема маса. Не земате во предвид дека повеќе торк значи правопропорционално и поголема потрошувачка.

Кога ќе ги земете сите тие параметри во предвид ќе видите дека хипотетичката помала паразитска загуба кај поголемиот мотор порад помалиот број на вртежи се анулира со поголемиот отпор кон вртењето кој го има поголемиот мотор и таа предност се губи. Поголемиот мотор може да извади помала или иста потрошувачка како помалиот мотор само ако при иста потреба од произведена енергија поголемиот мотор го прави тоа со многу помал број на вртежи.

При големи брзини илузорно е да се зборува од причина што помалиот мотор не е дизајниран за големи брзини како што е поголемиот мотор. Големите брзини се поредок случај во реално сценарио освен ако се возиш по аутобан од еден град во германија до друг whole day every day.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8202 на: 30 Мај 2014, 22:48:55 pm »
По ова што го кажувате астра 2.0 DTI треба да троши помалку  од астра 1.7 DTI   ;D ,а од искуство  знам дека е  обратно, освен кога 1.7 DTI е повеќе товарена или се гази побрзо на автопат т.е кога е моторот оптоварен тогаш може да се израмнат во потрошувачката  со 2.0 DTI позз....

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8203 на: 30 Мај 2014, 22:58:44 pm »
Кога ке стане 2.0 дти-то Исузу тогаш ке праиме муабет :) :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8204 на: 30 Мај 2014, 23:12:21 pm »
Otvoreno ne e retka rabota (iako grujo rece deka e), tuku e bilo kor izlaganje od SK. Znaci do gostivar, do kumanovo, do veles, do srpska granica... Se e avtopat.