Па таква е праксата. Или?
Фиеста Потрошувачка: 6.8 (официјална, градска), 7.3 (измерена, градска)
А7 Потрошувачка: 9.3 литри на 100 км (измерена, градска)
Јас кога тестирам реална градска потрошувачка правам вака:
Возам тури што ги возам во реалност
Возам и низ гужва
Возам и со незагреана кола
Кога го купував ЦР-В то, го позајмив од другарка на еден ден. Мерев отворено (до Маврово и Назад), и градска.. Градска извадив 9.0 л/100 км, ама колата беше загреана од патот претходно. Во реалност (моја), ја вадам колата од гаража, просечните тури што ги возам, колата не се ни загреала а јас сум стигнал.
Вашата пракса ми личи доволно добра за да човек види колку ќе му троши во неговите услови. Можеби треба да опишете детално што сте возеле, кој период од денот, дали била гужва, и дали претходно била загреана колата