Тражили сте, гледајте.
Ford Fiesta 1.4 TDCi Скопје(20км градска)-Гевгелија, вкупно 174,8км - потрошени 8,5литри = 4,8/100
Гевгелија - Грција 421.9км - потрошени 20литри = 4,7/100
по целиот пат возено 10-20кмч над дозволеното. Без клима.
Тојота Урбан Крузер 1.4 Д4д 90кс, истиот пат, просек 4,9 литри. Со 4х4 погон. Исто возење, можеби за нијанса поспоро, односно малку над дозволеното. (голем дел од патот е дозволено 130)
Хонда акорд 2.0 плин истиот пат, 8,5л/100 со возење 10-20кмч над дозволеното и повремено кратко сстиснување до 180.
Ауди 1.4 тфси 122кс, истиот пат 10-20 над дозволеното, со повремено 150кмч. Потрошено 5,5л/100км.
Голф 5 1.9 ТДи 105кс со мапа 135кс, истиот пат, 4.3л/100 со 20-30кмч над дозволеното и повремено стиснување над 200.
Ете ви резултати од истрагата. Возени се околу 1700км, од кои 1400 на автопат и 300 на полуотворени патишта.
Заклучок,
на фиестата и фали 1 брзина и ремап, или последната брзина да е погоре.
Урбан крузерот има премногу исправени седишта, а ремап е добродејден, со тоа што има добар менувач (6та добро поставена за на отворено).
Акордот е океј само троши бајаги, тоа е решено со плин за поефтино.
Аудито е солидно за бензинец.
И најдоброто за крај, Golf. Елеганција во движење, Пал Зилери. ТДи му е мајката. Мојот избор е ТДи. Фала и поздрав до следното видување!
