... моторно кочење. На педалата за гас има потреба да се притиска најчесто само на излегувањето од U кривините.
Ајде нека биди по твое,3та-4та,а некаде и 5-та.Па ако надолу си слегувал во лер тогаш не го профаќам моментот ‘без штедење‘.Ако тие предизвик тој планински премин и надолу би стегал еаго.И молимте таму има најмалку 10 кривини каде што слегуваш до 30-40-50км/х.Ако ти при 30км/х возиш во 3-та и се обидуваш да го поминиш правецот шо побрзо треба да вратиш во 2-ра да забрзуваш подобро,пошо со атмосверски бензинец во 3-та на угорнина како шо е Галичица ке се изначеш дур стигни обртомерот над 4000 па да повлечи убаво.
Со еден збор оди кажи му на некој кој нема ниту поминато од таму,а нема ниту возено многу различни возила.
Мече, никаде не напишав во лер, напротив потенцирав моторно кочење.
На одредени делови со голем пад и самото моторно кочење не е доволно па да имам и ретардер ќе уклучам, а не да газам уште.
Она што го пишав, а ти не си го разбрал или си го игнорирал е дека после оштра кривина притискам на гаста да ја достигнам изгубената брзина која потоа ја одржувам со моторно кочење.
Во остатокот од постот ме убедуваш во нешто кое и јас мислев дека е така на 18 години.
Имено и јас се чудев како татко ми со многу посмирено возење успева секогаш да ја помине Галичица за пократко време од мене иако јас душата и ја вадев и на колата и на сопатниците.
При еден таков мој насилничко-ѕверски обид ми рече: - „Ако мислиш дека си многу брз оти многу газиш на гаста, тогаш многу грешиш. Уметноста е во одмереноста при кочењето. Се додека убрзуваш како луд, па кочиш како блесав требало - не требало, имаш само чувство дека си брз“.