До сега имам поминато со лансерот околу 17 000км.
Го возам само во Битола и на отворен пат.
Не можам да ти кажам која е потрошња во шпиц гужва во скопје, ама нормално возење низ град без гужви е околу 7. Во Битола мене просек ми е 6.5. Мерено 1000 пати, на цел резервоар.
На отворено потрошувачката е од 5.7 до 6. Возење по прописи со мали испади на брзина. Ако возиш троа поспоро можи и помалку да ти потроши. Мерено 100 пати од Битола до Охрид и назад - стално просечна ми е 5.7. Е сега кога го вози татко ми, тогаш на отворено му троши 6.2 - 6.4 л/100.
Имам мерено на цел резвоар од точење до точење - мислам дека просечна доаѓаше околу 6.2 или 6.4. Комбинирано, со погоре опишано кога се вози колата.