Да, првенствено заради аеродинамиката, меѓутоа и електромоторот помага во намалувањето на потрошувачката така што на моменти му “дополнува“ енергија на бензинскиот мотор за да работи со континуирана ефикасност. Исто така, при нагло притискање на гаста (на пр. при претекнување), електромоторот цеди енергија од батеријата и дава до 35 КС. А удолниците се права ствар - Приусот има посебна позиција на менувачот - "B", наменета за удолници. Кога ја симнувам на пример Стража, го ставам во таа позиција B која овозможува моторно кочење без потрошувачка на бензин. Кога ќе ја симнам стража, бидејќи батеријата е преполна, имам бесплатна вожња до Кичево со брзина 80-90. Навистина Јапонците мислеле баеги на секој детаљ. За кола од 1.400 кг потрошувачката е супер на отворено.
Само, не би го препорачал Приусот на луѓе кои 90% возат на отворено, затоа што можеби дури и помала потрошувачка ќе извадат со некој добар дизел, за кој ќе издвојат помалку пари. На пр. моторите 1.5 дци на рено или 1.4, 1.6 или 1.8 ТДцИ на Форд мислам дека без проблем вадат и помала потрошња на отворено. Исто така имам слушано за дизелите на Опел дека се многу економични, на пр. Корсата вадела 4.2 - 4.5 на отворено со 130-140 км/х.