До сега не сум правел споредба на потрошувачка по борд и по принципот „до капачка“, сега имав прилика на два пати по околу 650 км или вкупно 1300 км.
Рено Сеник 1,5 дци, на релација Скопје - Неи Пори - Скопје или првата тура 650 км, натаму натоварен фул, со клима цело време, чекање на граница вкупно околу 2,5 часа, со просечна брзина од околу 65 км/ч, ми покажа потрошувачка 5,5 литри (по борд) а реално покажа 6 л (дополнив во Скопје до горе), значи бордот лаже некои 0,5 л.
Втората тура, односно Скопје - Не Пори (вечерно возење, без ниту едан кола на двете граници) - Скопје, покажа помала потрошувачка за пола литар, односно 5 л (по борд) а реално 5,5 л.
Здравје, не чека една екскурзија во Србија, до Белград, сега во месец октомври едно 2-3 дена, а следната година посебна тура само за Војводина (Нови Сад, Кикинда), зависно кој период, ако е пролет може уште со Сеник-от, ако е лето и после лето, со нешто друго, секако оди на продажба април/мај, да сме живи и здрави.