На 24ти Јули, го напунив резерварот (поточно го допунив, бидејќи имаше нешто останато внатре). 46.27л.
25ти сабајле, тргнавме за Албанија. Во Струга го допунив резерварот (177км од дома). Допунив 10.1л. Што значи просек 5.6л/100км. Возев без клима, претежно по ограничување или 10-20км/ч повеќе.
Од таму, продолжив за Албанија. Горе - доле слично темпо, само штом стана топло, се возевме со клима. Возевме низ Албанија, шетавме, пазаревме, идевме по плажи... Тргнавме назад, со исто темпо, и цело време клима. Стигнав дома. Поминати точно 900км. Просекот се дигна на 6л/100км по борд (6.2 по математика). Остана возење за уште околу 80км. Не можам скроз точна математика да извадам. Како и да е, одлични бројки.
btw, Опел Астра Х 1.4/90кс. Задоволен од потрошувачка. Сум забораил како е тромава, ма да кога ќе убрза арна е.

Сум забораил и колку е тивка, и какво е чуството да се седи у нормална кола, а не у "комбе".
