Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2210514 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15105 на: 03 Јули 2022, 19:24:48 pm »
Кај мене Алфа турбо бензинецот си ги лапна 8/100 за некои 1000 км, Битола- Будва-Острог-Битола, 4 луѓе и фул багаж. Си знам јас, па не ми смета  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15106 на: 03 Јули 2022, 19:37:03 pm »
Не е толку бензинци, туку ниски брзини и седан возило. Се навикнавме веќе на шифоњерине со аеродинамика на кокошарник, па сега ова ти личи дека е малку или многу. Имено разликата е највеќе во тие две работи. Кренеш ли брзина, ќе летне нагоре потрошњата, возиш ли шифоњер ќе летне уште погоре. А ако кренеш брзина со шифоњер 11 не ти бега на 140кмч.

Со 150кмч кога се вози накај грција можеш да извадиш 7, а истиот пат со Филипв на возачко седиште и брада до брадавици со 90кмч ќе биде 3.4.
« Последно менување: 03 Јули 2022, 19:53:29 pm Deni »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15107 на: 03 Јули 2022, 19:56:29 pm »
Дизелите се појаки, имаат појака компресија, ама за да ја издржат мораат да се тешки, па за на отворњно тие плус 200 кг не мењаваат многу, но на тргинање и тоа како, можда со ел. Мотор би се ублажило нешто, ама ел.мотор треба цели време да ги м'кне тие 500 кг од дизел моторот, што се губи  поентата.
Додуша новите маздини дизел мотори драстичноо ја намалија компресијата, што изгубија смисла, малтене бензинци кога не се оптеретени ја имаат истата компресија. 

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15108 на: 03 Јули 2022, 19:58:55 pm »
Скопје-Грција Ситонија-Скопје 870км 5.2л просек. Немам просечна ама секаде е возено колку што е ограничено или до кај +20 и на граница по 15 минути во двете насоки, без други застанувања или успорувања.

1.9 tdi asz
« Последно менување: 03 Јули 2022, 20:13:06 pm DarthJe5us »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15109 на: 03 Јули 2022, 21:46:08 pm »
Дизелите се појаки
? Нешто ќе да си во големи заблуди...Прогуглај, провери, мотори турбо-бензински мотори со било која зафатнина колкава моќност вадат и спореди со турбо-дизел мотори со иста зафатнина. Истото можеш да го направиш и за атмосферските дизели од минатото, да ги споредиш со соодветно стари атмосферски бензинци. Во сите можни временски рамки бензинците се многу помоќни од дизелите. Единствената предност на дизел моторите во однос на бензинските е помалата потрошувачка и ништо друго.

Цитат
имаат појака компресија, ама за да ја издржат мораат да се тешки, па за на отворњно тие плус 200 кг не мењаваат многу, но на тргинање и тоа како
Уште повеќе заблуди...
GOLF 7 GTI 2.0 = 1364kg, GOLF 7 GTD 2.0 = 1377kg,
Компресијата како компресија не игра буквално никаква улога, нитуи пак е нешто кое што прави било каков притисок кој треба моторот да го издржи. Експлозијата е таа која што треба моторот да ја издржи, а механичката енергија која се ослободува е поголема кај (ТУРБО) бензинците бидејќи се значително помоќни од (ТУРБО) дизелите со иста зафатнина. Зголемената тежина кај некои (ТУРБО) дизели во однос на (ТУРБО) бензинци со слична моќност е во механичкиот дел, односно онаму каде се пренесува механичката енергија од моторот на преносот бидејќи дизел моторите имаат поголем вртежен момент за ист број на вртежи во однос на слично моќен бензинец.


Кај мене Алфа турбо бензинецот си ги лапна 8/100 за некои 1000 км, Битола- Будва-Острог-Битола, 4 луѓе и фул багаж. Си знам јас, па не ми смета  :)
Mоже и 18l/100km да лапне. Зависи колку брзо си возел. Артеонот на 200km/h лапа ~13l/100km
« Последно менување: 03 Јули 2022, 21:53:04 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15110 на: 03 Јули 2022, 23:09:51 pm »
Бмв Х6 М50д 10.5л на отворено,абдалско возење по Дојче Аутобан,значи развивање до 200+ едно 50 пати,чекање во гужви и слични нормални појави...За таа грдосија е одлична бројка.
Сега пред две недели колегата се поднови со Ауди С8 5.2 в10,па кај и да е ќе треба да го истестираме.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15111 на: 03 Јули 2022, 23:42:08 pm »
Еве и ја да се пофалам.
Го наполнив резерварот до врв во Скопје.Извозев 20 км низ градов и наредниот ден тргнав накај Грчка.
У Гевгелија застанав да допунам гориво (знаејќи дека у гејлада е огин) и  дополнив точно 9.09 литри.
Да сумирам - 9.09 литри потроши голфот за да помине рамно 181 км,од кои 20км низ Скопје.
Да напоменам дека од Велес надолу постојано беше возен со уклучена клима.
Се работи за Голф 7 1.2тси 86км
Слики у прилог :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Ќе те видиме за нагоре кон Скопје ;D

Пред неколку години возевме заедно до грчка на одмор со ист Голф и Толедо, кај мене 5.1 (1.4 дизел), Голфот 6.3 Толедото (1.6 дизел) рамно 5.0.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15112 на: 03 Јули 2022, 23:51:55 pm »
Dzabe sporeduvate benzin dizel. Gledajte gi brojkite, golf kosilica trosi isto so 2.0 turbo.

Naraboucenie, ne kupuvajte nishto pod 150ks.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15113 на: 04 Јули 2022, 00:57:02 am »
Dzabe sporeduvate benzin dizel. Gledajte gi brojkite, golf kosilica trosi isto so 2.0 turbo.

Naraboucenie, ne kupuvajte nishto pod 150ks.
Косилица?
Јас не сум видел косилица испод 7 да троши, така да за 1.2 тси е супер потрошњата.
Испод 130 не ги спуштивме, освен Катланово-Велес.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15114 на: 04 Јули 2022, 01:13:31 am »
Дизелите се појаки
? Нешто ќе да си во големи заблуди...Прогуглај, провери, мотори турбо-бензински мотори со било која зафатнина колкава моќност вадат и спореди со турбо-дизел мотори со иста зафатнина. Истото можеш да го направиш и за атмосферските дизели од минатото, да ги споредиш со соодветно стари атмосферски бензинци. Во сите можни временски рамки бензинците се многу помоќни од дизелите. Единствената предност на дизел моторите во однос на бензинските е помалата потрошувачка и ништо друго.

Цитат
имаат појака компресија, ама за да ја издржат мораат да се тешки, па за на отворњно тие плус 200 кг не мењаваат многу, но на тргинање и тоа како
Уште повеќе заблуди...
GOLF 7 GTI 2.0 = 1364kg, GOLF 7 GTD 2.0 = 1377kg,
Компресијата како компресија не игра буквално никаква улога, нитуи пак е нешто кое што прави било каков притисок кој треба моторот да го издржи. Експлозијата е таа која што треба моторот да ја издржи, а механичката енергија која се ослободува е поголема кај (ТУРБО) бензинците бидејќи се значително помоќни од (ТУРБО) дизелите со иста зафатнина. Зголемената тежина кај некои (ТУРБО) дизели во однос на (ТУРБО) бензинци со слична моќност е во механичкиот дел, односно онаму каде се пренесува механичката енергија од моторот на преносот бидејќи дизел моторите имаат поголем вртежен момент за ист број на вртежи во однос на слично моќен бензинец.


Кај мене Алфа турбо бензинецот си ги лапна 8/100 за некои 1000 км, Битола- Будва-Острог-Битола, 4 луѓе и фул багаж. Си знам јас, па не ми смета  :)
Mоже и 18l/100km да лапне. Зависи колку брзо си возел. Артеонот на 200km/h лапа ~13l/100km

Дизелот појак му е моторот, не помоќен, него по јак. По цврст, механички по јак, мора да е чим работи ко камења да кршиш, притисоците и од експлозојата се по не предвидливи, бензинот си гори слоевито, нафтана горит со детонација од кај што ќе и текнит. Сигурно имат повисок притисок и поголеми пикови дизлот, во нормални режими.
Компресијата игра битна улога во ефикасноста, уствари само таја е битна.
На пример овие што тјунират мотори ( не ст.1, него хардцерски и екстремно) на сите им ја намлуваат компресијата за да не пукни блокот ( секако и "кнок" сензорите играат улога) и трошат повеќе него некој мотор од ист тип што имат фабрички толку коњи и поголема компресија.
Спореди клип од дизел и од бензин која разлика се, тебе тие ти се битни колку можат да забрзат и да успорат, блокот не се движи посебно, клипојте најмногу имаат забрзување, ними гледај ги, тие од дизелот многу повеќе енергија арчат да кинисаат и да запрат него ли бензинот, оти се полесни.
Overall бензините имаат повеќе коњи на кг што ги прави релативно полесни, то ми беше поентата.
Гти-то има плус 50% коњи него тди-то.

« Последно менување: 04 Јули 2022, 08:06:18 am Bicikle »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15115 на: 04 Јули 2022, 03:20:27 am »
Еве и ја да се пофалам.
Го наполнив резерварот до врв во Скопје.Извозев 20 км низ градов и наредниот ден тргнав накај Грчка.
У Гевгелија застанав да допунам гориво (знаејќи дека у гејлада е огин) и  дополнив точно 9.09 литри.
Да сумирам - 9.09 литри потроши голфот за да помине рамно 181 км,од кои 20км низ Скопје.
Да напоменам дека од Велес надолу постојано беше возен со уклучена клима.
Се работи за Голф 7 1.2тси 86км
Слики у прилог :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Ист голф имам и јас, со ист мотор ама чипосан и со 17ки бандажи. Вчера морав итно да заминам за бг па тргнав велес петрич па благоевград и спфија завршив на крај не планирано. На места и над 180 го возев. За назад преку делчево за велес пак околу 5,7 за цела рута беше што не е лошо. Мислев ќе испушти душа на толку стискање ама преживеа. Совет од мене е да го чипосаш.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15116 на: 04 Јули 2022, 08:03:51 am »
Пд мотор? Тија демек еко стандарди не задоволувале ги укинаа, многу NOx праеле... а и демек ради инџекторите ослабена била деклата, што не се деило да има некој проблем со деклата кај било кој примерок.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15117 на: 04 Јули 2022, 09:03:35 am »
@Bicikle
1.2 ТСИ 86кс
« Последно менување: 04 Јули 2022, 09:12:34 am Спенсер »

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 779
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15118 на: 04 Јули 2022, 11:24:20 am »
@Bicikle
1.2 ТСИ 86кс

Spenser se naluti! :) ili go smeta @Bicikle za kjor :P boooo bukviveee

Отсутен WastedCobe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 66
  • Alfa Romeo 159 TBi
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15119 на: 04 Јули 2022, 15:32:04 pm »
Скопје - Дојран - Скопје со извозени 350 км, потрошувачка 8,7л по борд.

4 особи во кола со цело време пуштена клима. Возење +20 од знаци кај што се можеше секако.