Абе какви ви се тие боци што збираат по 99% гас.
не гас туку течност, пошто нели, плинот е во течна фаза, одпосле испарува... инаку начелно тоа се боци на кои (по желба на сопственикот) е одстранета заштитата на гасна фаза, која треба да изнесува околу 20% од волуменот... е сега не заборавај дека има и некоја количина на низ цевката до испаривачот... јас имам 58 литарска боца, на убаво испразнето знае да собере и 57... ама за тоа треба да се зезам со копчето поише пати... а откако ке свирне дека нема плин, ако не се зезам, и наполнам до горе ке собере помеѓу 53 и 55 литри...
разликата кога свирнува на кое ниво во боцата е до квалитетот на плинот.. колку по лош микс на пропан бутан толку потешко испарува и потешко држи притисок.. плинскиот уред-компјутерот за него, не префрла на безин според тоа колку имаш плин во боцата туку според одреден временски период (неколку секунди) немање доволно притисок во испаривачот.. значи нема течен плин доволно, нема што да испари за доволно да крене притисок и тит-тит идеме на бензин...