Да прифатеше ќе го кркаше
Она „ништо чудно“ не сум го приметил, можно е во твоите чести едити „сигурно“ да било заменето со „ништо чудно“? 
Да ми се фатиш за овој едитов доле. Не е можно, бидејќи не сум педер да правам суштински измени и после да се праам наудрен. Ебаве муабетчево што ми го пуштивте. Ја гледам ради општ интерес и читливост да ми бидат спастрени постовите, а наместо „фала“ добивам злобни инсинуации. Мрш!

BTW, еве уште еден пример вреден за тестирање. Алфа 156. Има три варијанти на Twin Spark мотор:
Сите мотори користат иста технологија на прозиводство, ист блок исти глави ист принцип на убризгување, имаат исти технологии на варијабилна брегаста и варијабилен усис.
Ова возило ви е идеално за тестирање на теоријата „поголем мотор помалку троши“.
Не е тоа никаква теорија, туку
можност, бидеќи емпириски факт е дека кај некои мотори поголемите изведби трошат помалку при идентично возење. „Теорија“ е кога треба да го објасниш емпирискиот факт, а не самиот факт.
Секако, кај Стилото не е ова случај, затоа сум спремен за кладба, 1.6 моторот е прилично постар по концепт од 1.4 FIRE моторот, и внатрешните загуби на енергија кај 1.6 се прилично поголеми. Исто е случај и со погорните мотори од Алфа. Иако се исти по концепт и изведба, 2.0 има најголеми внатрешни загуби на енергија.
Поголемиот мотор секако ќе има поголеми внатрешни загуби, тоа е неспорно. Но, дали поголемиот мотор
во трета ќе троши повеќе од помалиот
во втора? Не. Во овој случај (поголем у трета вс помал у втора) помалиот мотор ќе има поголеми загуби.
Изгледа не се разбираме што ни значи „исто возење“. Тоа не е „ја шалтам у втора и ти шалташ у втора“. Тоа е возиме со иста брзина изразена во км/ч, а кој како шалта зависи од можностите на моторот.
Замисли вака: две исти коли, една со 1.2 а другата со 1.6. И сега наидуваме на некоја блага угорница која треба да ја поминеме за исто време (синхронизирано). Помалиот мотор треба од петта да се префрли у четврта за да ја задржи брзината, а поголемиот мотор немора, ќе си остане у петта. Кој мотор ќе потроши повеќе за истата угорница? Помалиот у четврта на 3500 рпм, или поголемиот у петта на 2500 рпм? Се разбира, поголемиот мотор при секој поединечен циклус ќе изгори повеќе гориво од помалиот, но поголемиот мотор ќе направи помалку вкупно на број циклуси за да ја искачи угорницата.
Филип не прифатил да одите на обиколница да тестирате која кола ќе потроши повеќе на 150кмч, дали Алфата или Матиз? Ах Филип, Филип, како јас не бев на твое место - одма ќе прифатев ваков важен тест за секојдневното меѓуградско патување.
Никој не ми предложил учество во ваков тест, или ја не сум приметил.