Али регулаторна комисија ја одредува највисоката цена по која може да се продава и никако не е поврзана со цената по која увезува Хеленик, туку со цената на нафтата на Лондонска берза и односот долар/евро.
Патем што е битно дали е на автопат или во град? Да на автопат е поскапо и што со тоа? Не е само дизелот поскап, туку процентуално сите се поскапи. Овој аргумент е тиња!
EURO 1, 2, 3... 5 а уште малце и 6 се однесуваат и на дизел и на бензин. Помодарство... хмммм... ако се воведе такса тоа ќе биде затоа што во Скопје е веќе тешко да се дише.
Патем муабетот беше за споредба на цената на дизел и бензин и дека секаде во европска унија дизелот е поскап и ке видите вие на дизел ке патите и ке се каете, ЕУ ќе ни ги изедначи цените со нивните... Исто какошто се веќе изедначени нели, па затоа во Холандија литро бензин е 1,769 а во Полска 1,314. Разлика од речиси пола евра. Супер го изедначиле.