Не знам кој начин е најдоверлив за мерење на потрошувачка на плин ? Плинот се потроши скроз, ми префрли на бензин. Ставив плинче, ресетирав километража... да видиме колку ќе покаже
Ставено 17л плин во празна боца, повторно празна на 194км. Да одземеме 10км (додека префрли на плин), со 17л плин 184км. Градска вожња, некои 50% форсирање, испади до 5000-5500 зашто ставрно се брзав .
17/184= 9,23л/100км. Јас сум презадоволен од оваа потрошувачка. Без проблем ја симнувам до 8.5/8.7.