Ја имам возено истата рута. Како што пишал Димитар ако возел по магистрала до Примоштен му доаѓа преку преку Карловац, Плитвице, Книн, Шибеник. Рутата е многу убава за возење, не замара и има спектакуларни пејсажи. Во комбинација со благи угорници и удолници многу лесно е да извадиш релативно ниска потрошувачка без да бидеш пречка за некој.
На враќање најголемата угорница е кај Задар и тунелите Свети Рок. После тоа речиси целата рута до Загреб е блага удолница и ако користел топографија и терен да плива со 130-140 потрошувачката е сосема реална.
Ако возел Загреб - Славонски Брод - Бајаково на темпомат со 140-145 и го има мавано некој ветер како што знае да мава и 9 на 100 ќе покаже.