n1kola мислам дека е европски граѓанин со многу европски километри, ама може не видел, да.
Реално малку има возено по автопат и да има видено толку мн дешавки. Некои работи што ги имам видено ми оставиле многу силен впечаток и не верувам дека ќе ги заборавам.
На пример влегување на кола под полуприколка на шлепер. На видео е едно, во живо е мн поразлично.
Пукање гума на товарен камион во работа на пат и до него кола на пола метар до него. Тоа пука како бомба и занесува.... Замисли два шлепери да се престигаат и на еден пука, му влегува на другиот. Се во радиус од 50 метри ќе биде покосено.
Кочење од 170-180 до нула и гледање во мили-секунда дали има место лево/десно затоа што знаев дека нема да докочи и ќе му влезев во газот на тој пред мене ради ненадејна колона во кривина.
Вадење тела од коли кои повеќе личеле на топка метал отколку на кола.
Возење во три колони со 150+ и минимално растојание со тој пред тебе зад тебе едно пола саат.
Автопатиштата кадешто нема ограничувања или висока концентрација на пилоти е страшна работа. Веројатно на многу такви работи не им прават ништо посебно, ама на мене делуваат и најчесто се обидувам да не се донесувам во таква ситуација и ги избегнувам уште пред да почне да има ситуација и околности за таква работа.