Со вакви бројки ме терате да си ја искинам возачката. 
Со какви бројки? Со саат време чекање на граница во еден и 30 мин во друг правец? Со возење на темпомат 140 во Србија и 130 во Македонија? Колку треба да возиме според тебе 200 или...?
За две недели ќе слегувам за Мк и баш ќе видам на подолг пат какви бројки ке извадам.
Досега низ град(село),кратки релации се движи околу 8+л...
Не стартовам,не бркам,никако да паднат бројките.
А за возењето,многу јасно дека чим има услови да се вози 200 ќе возам 200 наместо да се влечам со 140.
Инаку,одлична потрошувачка.
Извини, може сум остарел па не го доживувам 140 км/ч како влечење.
Вози на убав автопат 200 некое време па да видиш после на 120 ќе осеќаш ко да возиш 60. На пример Миладиновци и Пријателство кога беше поопуштено.
Знаеш зошто џандарчињата секогаш стојат само на влезот на Свети Николе и Штип?
Теорија на релативитет, бачко.
Тераш 140 на автопат, влегуваш во град со 60, а мислиш дека тераш НУЛА.
Сега, повтори ја равенката со 200 на автопат, па после влез во градската зона.
