(Најубавиот) Голф 7 2.0 ТДИ, возен искључиво на угорница, цело време во втора, со обртаите 90% од времето во црвена зона. Возено низ град, стоено на секој можен семафор и учество на секој протест во светот. Дур стоев на семафори, максимално турирање, јер да им го ставам до знаење на тие до мене дека се тркаме и од семафор тргнување искључиво со пролизгување на погонските тркала. Колата товарена скроз, клекната до под, со две тулиња и два шкафа од ИКЕА. За целосен ефект при возењето употребив и окер кожени ракавици, јер тркач. Многу ми троши, маму му...

Така би звучела КарКлуб верзијата на патувањево.
Е сега, вистинската верзија ако некој го интересира би идела овака... Си тргнав јас од Сивири, лабаво после ручек покрај море и до Скопје си возев по знаци, значи почитување на сите можно правила и прописи. Ако пишува 90, ја возам не повеќе од 93, а ко пишува 110, ја терам 113... да имаше знак 200, ке терав 203, ама немаше. Товарен, онака, релативно лајт, двајца плус 70-тина кила набавки од ИКЕА и багаж. Вообичаено малку се опуштам во Грција, ама ради Х причини, решив да возам искулирано и опуштено и во рамките на прописите. Гужва немаше нешто многу, на граница не повеќе од 15/20 мин за двете страни и нормално, во Скопје веќе ме фатија сите семафори на црвено.
Според Гугал Мапс, кога ке го пресметаш и стоењето, одприлика тачен сум.

А инаку од Сивири до граница, на момент помислив дека управувам со патничко моторно возило погонувано од турбо Перпетуум Мобиле, потрошувачката само паѓаше.
