Пассат ЦЦ со просечна 179кмч ~8л/100км измерена од комшија и татко ми, полна кола за на одмор 

Откако привлеков внимание вистината е дека е на околу ~150км автопат возење потрошувачкава 
Стварно е штета што не верувате дека една од колите со најдобри коефициенти на триење во производство и мотор кој во нормално возење троши ~3-4л/100 на отворено била возена 60тина километри 180-200(многу нормално со ресетиран трип пред тоа) и имала потрошувачка од ~8л/100. Целата потрошувачка од одморот е отприлика ~5л/100(по точење гориво не по борд). 
Потрошувачката на Дачија Сандеро што ја искажав погоре, беше измислена. Тоа беше саркастично реплицирање на глупостите што ги изначитав погоре.
Зашто глупости?
Влезни податоци изведени од исказите погоре:
Просечна брзина
Va=179km/hИзминат пат
S=150kmМаксимална брзина
Vmax=190km/h (земено како средна врендост помеѓу 180-200)
Изминат пат со Vmax -
Smax=60kmПросечна потрошувачка на изминати 150км -
Ca=5litПросечна потрошувачка при возење со максимална брзина Vmax -
Cmax=8litИзведени податоци од влезните податоци:
Преостанат пат по кој не се возело со максимална брзина:
Smin= S - Smax = 150 - 60 = 90km =>
Smin=90kmПросечна брзина за изминатиот пат по кој не се возело со максимална брзина Smin:
Va=(Vmax+Vmin)/2
Во равенката Vmin ни е непозната, а другите параметри ни се познати:
Vmin=(Va x 2)-Vmax= (179 x 2)-190 = 168km/h. =>
Vmin=168km/hЗначи патот од 90км по кој што возилото не возело со максимална брзина, го поминало во просек за 168km/h
Просечната потрошувачка на возилото за целиот изминат пат од 150км изнесувала Ca=5lit
Просечната потрошувачка на возилото за патот изминат со максимална брзина од 190km/h во должина од 60km изнезувала Cmax=8lit
Оттука од равенката за просечна потрошувачка ќе ја изведеме потрошувачката за патот од 90км кој не бил возен со максимална брзина:
Ca=(Cmin+Cmax)/2
Cmin=(Ca x 2)-Cmax = (5 x 2)-8 = 10-8=2 =>
Cmin=2litОд горните бројки може да се заклучи дека возилото изминало 90km со просечна брзина од 168km/h и потрошило во просек 2литри гориво.
Заклучок:
Возилото поминало 150км
Возело 60км со просечна брзина од 190км/ч
Останатите 90км со просечна брзина од 168км/ч
За целиот изминат пат возилото потрошило 5л гориво во просек
60км од патот ги возело со просечна брзина 190км/ч и потрошило 8л во просек
90км од патот ги возело со просечна брзина од 168км/ч и потрошило 2л во просек
Според горе искажаната вкупна просечна брзина од 179км/ч патот од 150км возилото го поминало за 50.2 минути.
И покрај тоа што горната пресметка јасно укажува дека сите искази се невистинити и се тотална глупост, еве уште неколку факти:
Возилото било товарено "како за одмор", што значи имало дополнителен товар кој што требал да биде "влечен" од моторот по пат
Знаејќи ги температурите во последните три недели, надворешната температура со сигурност била повисока од 30 степени целзиусови
Со огромна веројатност можам да кажам дека клима уредот бил вклучен за време на целото патување
Оттука можам слободно да констатирам дека заради зголемената атмосферска температурата на intake на воздухот во моторот не бил во најефикасното подрачје за експлоатација и високи перформанси. Доколку на тоа се додаде зголемената инертна маса која се јавува заради товареното возило и постојаната употреба на клима уредот со сигурност може да се констатира дека изнесените бројки за потрошувачката се истресени од ракав и се тотална невистина.
Во такви услови и во таков режим на експлоатација, просечната потрошувачка, па дури и просечната брзина е малку веројатно да се достигнат.
Доколку на тоа додадеме дека возилото извозело 150км пат за 50.2 минути без притоа да имало никаква опструкција од спори возила, шлепери, мрзливи возачи...
"Ма немој да ме јебеш бре..." - Кирил Поп Христов