Јас од кога го купив мултиџетов (пред тачно 3 месеци) па до сега, потрошив 150 литра нафта за 3000 поминати километри (од кои 95% поминати во град), или преведено во пари - 7000 денари. Во просек тоа се 5.0 на 100. Ова се груби бројки нормално, бидејќи во последниве месец дена почесто пуштам клима и со последниов резервоар поминав нешто помалку во споредба со претходниот. На борд скоро цело време ми стои 4.5 просечна потрошувачка (или евентуално +/- 0.1 од тоа), што е околу пола литро помалку од реалната потрошувачка. Со горивото од Лукоил подобро ми работи колата во споредба со тоа од Макпетрол.